Бидете дел од MacBee, дадете придонес во зачувувањето на Apis mellifera macedonica

Се охрабруваат сите заинтересирани пчелари кои можат да се пронајдат и да допринесат за основната цел на MacBee за заштита на автохтоната популација на Apis mellifera macedonica преку тестирање на пчелни семејства, дека со посебна Одлука на Годишното собрание од 2017 година, условите и критериумите за зачленување во MacBee значително се олеснети и поедноставени.

За таа цел најпрво треба да ја пополните и испратите Апликацијата за членство во MacBee. Апликацијата можете да ја пополните и испратите електронски или да ја симнете од нашата веб страна, рачно да ја пополните и испратите по пошта на адресата на MacBee:

Македонско здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела „Македонска пчела“– Негорци (MacBee)
ул.Ѓорѓе Велков бб. с.Негорци 1483, Гевгелија

За онлајн аплицирање пополнете ја електронската Апликација за членство во MacBee.

За аплицирање по пошта симнете ја и рачно пополнете ја Апликацијата за членство во PDF формат.

Секој нов член освен да ги почитува и исполнува овбрските наведени овде е должен веднаш да ги уплати членарината во износ од 1000.00 МКД и еднократната сума од 3000.00 МКД наменета за обука на секој нов член.

Повеќе за MacBee: www.macbee.org

фото кредит © Ѓорѓи Андонов