Едукацијата за органско производство да ја започеме од најмала возраст


Поаѓаме од фактот дека секој има право на едукација, здрава животна средина и достапна храна, начела гарантирани со меѓународни конвенции и Уставот на Република Македонија.Денес во време на консумеризам, кога економските и социо-културните прилики се таквида го отргнуваат човекот од производството на храна, потребно е враќање на суверенитетот врз истата!Тоа најдобро може да се постигне со едукација на младите генерации. Да научат сами да ја произведуваат храната која ја јадат и да се грижат за животната средина.Од друга страна пак, имајќи ги во предвид навиките на младите генерации слободното време да го искористуваат пред компјутерите и во светот на електронските игри, може да се заклучи дека социјализацијата се наоѓа на маргините од нивните животи. Градините со сите свои активности ќе ја вратат социјализацијата,и тоа на повисоко ниво. Социјализација помеѓу другарите, со роднините, родителите и граѓаните од локалната заедница.

Заедно, сите актери ќе ја градат иднината на нивното eко-опкружување, бидејќи животнатасредина непризнав административни граници туку соработка за зачувување и почитување на природните добра, која истовремено е и обврска во името на генерациите што доаѓаат. Оттаму, училишните градини би биле алатка преку која ќе се пренесе основната порака дека знаењето на идните генерации за важноста на одржливото користење на природните ресурси и зачувувањето на биолошката разновидност, е основен предуслов за зачувување на животнат асредина.Активностите кои се поврзани со училишните градини имаат повеќе цели. Една од тие цели е учениците да стекнат навики за употреба на традиционалните локални производи и во “отворената училница”да научат како се произведува храната што ја консумираат илида го почувствуваат мирисот на свежо откинатиот домат. Самите да почувствуваат разлика помеѓу свежата локална храна и брзата храна која им се нуди на секој чекор.

Секако дека ова е обид да се прати порака и до сите чинители кои директно се вклучени во развојот на децата.„Училишни градини“ е проект кој е долгорочен икој треба да биде одржлив. Затоа сметаме дека треба да се спроведува внимателно и во точно одредени фази. Ние ќе започнеме со кампањаза промоција на моделот како алатка за подигање на свеста за значењето и улогата на иновативните модели и механизми за едукација на најмладите во училиштата во однос на заштитата на животната средина.

Нашата долгогодишна заложба за овој проект, оваа година ќе ја реализираме благодарение на финансиската и морална поддршка од Град Скопје од средства одобрени преку отворениот повик за невладини организации. Општините имаа слух и ни овозможија да ги спроведуваме активностите во дел од основните училишта. На ниво на Град Скопје ќе бидат опфатени десет училишта од повеќе општини.Во оваа прилика апелирам до сите општествено одговорни организациии и компании да ни се приклучат во заложбите за реализација на овој проект.

Кога пред десет години ги започнавме активностите во Слоу Фуд бев некако убедена дека кај нас во Република Македонија нема многу потреба луѓето да се анимираат и да се едуцираат за тоа што значи традиционалниот начин на одгледување на локалните производи. Но, сфатив дека тркалото за губење на локалните сорти брзо се движи во удолница. Кампањите кои ги водиме и локалните производители кои ги подржуваме се нашата голема заложба за заштита на локалните производи. А, сè поголем е интересот и кај производителите и кај консументите за локалното производство и нивната примена во органското производство и вклучување во исхраната.Посетеноста на разните фестивали за органска храна стануваат се помасовни, а вклучувањето на младите во нашата организација се дел од показателите за големиот интерес кај нашите жители за заштита на локалното производство. Тоа е нашиот идентитет.

Според законите на природата и филозофијата на Слоу Фуд, секој треба да ги одгледува, селектира и унапредува локалните семиња, бидејќи тие сорти најдобро се адаптирале на условите на одредено подрачје и одговараат за исхрана на локалното население. Треба да се запрашаме колку ние ги познаваме и се грижиме тие локалнисемиња да се употребуваат во производството на нашата храна. Сведоци смена постојанувоз и засадување на увозни и хибридни семиња, а за жал од скоро е потврдено и присуството на ГМО семиња во нашите ниви.Со масовното воведување на овие семиња нашата храна гигуби вкусот и препознатливоста. Автохтоните семиња нашите експерти ги каталогизираат, па во банките за семиња се чуваат околу 3000 сорти од различни култури. Но што со тоа? Банките не треба да бидат музеи на нашето минато. Нивното вистинско место е на нивите. Затоа нашата цел е да ја подигнеме свеста за значењето на локалните семиња за сите нас. Најпрво почнувајќи со едукација од најмладите. Иднината на нашата храна треба да ја гледаме во производство со семиња кои потекнуваат од локалниот биодиверзитет и принципите на органското производство.

Текст: Васика Стефановска, член на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија
Фото кредит © Slow Food архива

Поддржано од „Програма за зголемување на пазарот на трудот“, кој го реализира Swisscontact Macedonia, а финансиран од “Swiss Agency for Development and Cooperation“. Ставовите изнесени во статијата не ги изразуваат ставовите на донаторот.