Слаткото од дива смоква помеѓу вкусовите од светот

Тревизо – Од 10 ти до 12 ти Јуни оваа година во Џавера, Тревизо Италија се оддржа традиционалниот фестивал „Ритмови и Игри од Светот 2011“. Секоја година на овој фестивал учествуваат повеќе од 25.000 луѓе од 140 држави низ целиот свет и околу 450 волонтери.
Оваа година на отварањето на манифестацијата, во соработка со Слоу Фуд Венето, се организираше вечера за сите учесници и поканети гости со наслов: Италијанска храна, Вкусови од светот!
Помеѓу останатото на трпезата се најде и македонскиот Слоу Фуд Президиум Слаткото од Дива Смоква како одличен десерт за завршеток на вечерта полна со емоции, интеркултура, игри, песни…
И не може да остане не забележан овој наш производ, уникатен вкус, пробан за прв пат од многумина од присутните… сето ова немаше да биде доволно доколку гостите не се заинтересираа за се поврзано со овој производ; која е историјата, како се произведува, каде се наоѓа регионот на производство на светската карта, кога е најдобро да се посети Македонија… и уште многу интересни прашања за кои се разговараше до доцна во ноќта…

Можеме само да се заблагодариме на Слоу Фуд Венето за поддршката и промоцијата, која се надеваме ќе биде од полза не само за слаткото од дива смоква туку и за целиот Југо ­источен регион во Република Македонија. Токму ова е и целта на првиот Слоу Фуд Пресидиум кај нас. Ќе продолжиме да работиме на промоција на производот, претставување на регионот, но во исто време и на јакнење на свеста на самите производители дека придонесуваат кон развој и промоција на регионот во кој што живеат и работат и во кој што растат нивните деца… а ова секако не е малку!

Нада Караиванова
Координатор на Слоу Фуд Президиумот