Што се Презиидуми? Како да се воспостави президиум, да се градат врски помеѓу производителите и да се организираат активности?
Президиуми (еднина: президиум), се проекти, воспоставени од 1999 година, преку кои Слоу Фуд работи со групи на мали производители на кои им помага да ги решат проблемите со кои се соочуваат, ги здружува изолираните производители, ги поврзува со алтернативни и достапни пазари кои повеќе ја разбираат нивната ситуација и ги ценат нивните квалитетни производи.
За еден производ да стане дел од листата на Арката на вкусови, а потоа и Президиум, од суштинско значење е да се воспостави директен контакт со производителите, кои за возврат мора да ги споделуваат вредностите и филозофијата на Слоу Фуд и да се мотивираат за да го развијат проектот.
Публикацијата симни ја од тука.
©Slow Food, 2014