Храна на љубовта

Во античкиот календар периодот помеѓу средината на јануари и средината на февруари е месец посветен на светиот брак на Хера и Зевс.
Крајот на овој „месец“ во Шведска се нарекува “Allahjartans dag”-Денот на сите срца, во Финска е наречен “Ystävänpäivä”-Ден на пријателите, во Турција „SevgililerGünü“-Ден на слатките срца, во Данска и Норвешка-Денот на вљубените е познат како “Valentinstang” каде не се слави во голема мера, но многу луѓе одделуваат време да јадат романтична вечера со своите сакани.
Нема ништо подобро од романтична вечера со домашно зготвено јадење, зар не?
Вековното трагање по возбудлива храна доведува до откривање на многу афродизијаци. Афродизијак е храна која ги стимулира “љубовните”сетила за вид, мирис, вкус и допир. Храната што делува како афродизијак всушност е она што не` опушта и што не` снабдува со енергија.
Ако сакате вашиот љубовен живот да биде многу подобар од кога и да е, верувале или не храната може да ви помогне во тоа. Според сите нутриционистички информации, како што е случајот со сите други сегменти од животот, исхраната силно влијае врз вашиот љубовен живот.
Во продолжение ќе ви предложиме која храна не смее да недостасува во вашиот дом.
Сепак треба да се има во предвид дека различната храна различно влијае врз луѓето па затоа немора да значи дека секоја од овие намирници така ќе делува и врз Вас.


1.Чоколадо
Oтсекогаш асоцирало на љубов и романса. Маите го обожавале дрвото на какаото и го нарекувале “храна на боговите”. Истражувањата покажале дека содржи фенилетиламин и серотонин кои поттикнуваат да се чувствувате добро и разнежнето. Најдобро е да јадете темно чоколадо затоа што содржи помала количина на шеќер, а поголема на какао. Консумирањето на поголеми количини на чоколадо предизвикува исти чувства како оние кога сме заљубени.

 

2.Лути пиперчиња
Нивниот вкус е богат и зачинет, а може да се каже и егзотичен. Консумирањето на лути пиперчиња предизвикува реакции како забрзан ритам на срцето, зголемена циркулација и потење, кои се слични на реакциите на телото за време на секс. Предизвикувачот на тие реакции е капсаицинот, кој помага да се стимулира создавањето на ендорфини, хормоните на среќата. Се работи за растенија со моќен вкус па затоа е доволно да се додадат во мали количини.

 

3.Мед
Златен, леплив и сладок. Изгледот, текстурата и вкусот на медот го прават мистериозен и на некој начин гламурозен. Овој сладок производ од пчелите содржи борон кој помага при содавањето на женскиот хормон-естроген. Богат е со витамини од групата Б, со што го зголемува лачењето на тестостеронот кај мажите, што пак доведува до зголемување на сексуалната желба и издржливоста за време на интимните односи. Не е ни чудо што периодот после венчавката се нарекува меден месец.

 

4.Смокви
Според старите римјани секоја храна која има форма на женски јајник се смета за афродизијак. Смоквата е едно од тие овошја. Смоквите им биле омилено овошје на Грците и на Клеопатра па се асоцираат со љубов и плодност. Богати се со аминокиселини, кои се клучни за подигање на либидото и за зголемување на секуалнта кондиција. За појадок јадете три смокви и лажица мед и ќе бидете полни со сексуална енергија.

 

5.Босилек
Векови наназад се верува дека босилекот ја стимулира желбата за секс и ја зголемува плодноста. Босилекот има прекрасна арома и може да излечи главоболка. Босилкот го го забрзува чукањето на срцето ја зголемува циркулацијата на крвта и го затоплува телото. Употребете босилек во сосот за тестенините и нема да погрешите во изборот на рецептот за романтичната вечера.

6.Јагоди
Ги нарекуваат уште и плод на љубовта. Овие црвени примамливи, неодоливи плодови, во комбинација со чоколадо, шлаг и шампањ, се неизоставен дел од секоја романтична вечера. Јагодите се богати со витамин Ц што придонесуваат за опуштање, одличен извор на фолна киселина и витамини од групата Б, кои се одлични за жените бидејќи ги ублажуваат проблемите при пораѓањето, а кај мажите овозможуваат создавање на поголем број сперматозоиди. “Секој пат кога ќе се приготвувате за страсна ноќ со вашито партнер, изедете неколку јагоди” укажува Британецот Патрик Фолофорд – основачот на Оптимизација на исхраната.

7.Бадеми
Низ вековите, бадемите биле симбол на плодноста. Некои веруваат дека мирисот на овој плод ја зголемува страста и возбудата кај жените. Бадемите се богати со витамин Е, магнезиум, цинк, селен и растителни влакна, кои го подигаат либидото и сексуалната желба. Вистинска терапија се за сексуалните проблеми и плодноста.
Содржат здрави масти одговорни за произведување на машките хормони.
Низ светот, бадемите насекаде имаат добра репутација; комбинирајте ги во повеќе рецепти – одлично се вклопуваат со зеленчук, овошје, сосови, гарнири; така ќе приготвите возбудлив оброк.

8.Лук
Дури и лукот спаѓа во супер билки кои го подобруваат сексуалниот живот. Тој содржи алицин, која го зголемува протокот на крвта во половите органи. Резултатот од тоа може да биде поголема издржливост и поголема сексуална енергија.
Доколку се одлучите за него како афродизијак, задолжително консумирајте го заедно со партнерката.

9.Семки од тиква
Семките се помоќни од она што можете да го замислете. Тие се природен извор на цинк, минерал игра клучна улога во излачувањето на тестосеронот, а недостигот од овој хормон може да предизвика комплексно губење на сексуалниот нагон. Семките од тиква се изибилство од масни киселини омега-3, кои се клучни за општото сексуални здравје. Одлични грицки додека ја чекате Вашата партнерка на состанок.

10.Целер
Овој зеленчук сигурно не ви паѓа прво на памет кога размислувате за сексот, но целерот може да биде одличен извор на сексуално возбудување. Тој содржи андростерон, машки хормон кој се ослободува преку потта на мажите. Андростеронот е моќен феромон, кој наводно силно ги возбудува жените. Затоа мажи, додека пазарите задолжително чувајте место во кошницата за неговото височество- целерот.

11.Лубеница
Лубеницата е еден од најсилните природни афродизијаци. Делува многу слично како вијаграта, најпопуларното средство за подигање на потенцијата, но без никакви непријатни појави.
Ова својство се должи на високата концентрација на цитрулин кој ги опушта крвните садови, исто како вијаграта, но има предност бидејќи делува на целото тело. Поради дејството на опуштање, многу е делотворна и кај жените. Идеална е за разладување во топлите летни денови, па затоа можеме слободно да кажеме дека лубеницата е вистинcки летен афродизијак.

12.Црвено вино
Неколку студии потврдија за зголемената сексуална желба кај жените кои секојдневно пијат по една чаша вино. Причината за ова најверојатно лежи во високата концентрација на полифеноли кои ги прошируваат крвните садови и следствено на тоа ја подобруваат циркулацијата. Ова, секако, е клучно за сексуалната возбуда.
Но, внимавајте! Премногу алкохол може да делува како депресант и да ја потисне сексуалната желба или да ја намали способноста за сексуална изведба. Затоа, поставете си ја границата на најмногу две чаши.