Kруша во црвено вино

  • 04/ 02/2017
  • krusa-vo-zacineto-vino

    Иако зимата пополека се повлекува со сите свои негативни епитети, но сеуште не е доцна да си приуштиме некои од нејзините благодети, како на пример некое зимско слатко задоволство.

    Вареното зачинето вино е првиот мирис кој асоцира на тоа, а зрелите круши се плодови во чиј вкус сеуште може да се ужива во овој период од годината. Заедно би биле совршен пар, па ајде да ги спариме.

    Потребни состојки:

    4 поголеми круши
    400 мл црвено вино Вранец
    200 мл маџун
    1 стапче цимет
    2 парчиња ѕвездест анасон

    Начин на приготвување:
    1.Излупете ги крушите;
    2.Наредете ги во длабок сад за варење и прелијте ги со виното и маџунот. Додајте ги циметот и ѕвездестиот анасон;
    3.Варете на умерена температура 1 час додека крушите не омекнат, но внимавајте да не се распаднат;
    4.Оставете ги да се оладат;

    Совет:
    Сервирајте ги крушите во подлабок сад.  Додајте од течноста во кој се вареле и декорирајте со стапчето цимет и топка млечен сладолед. Иако е сеуште зима, комбинацијата на зачинето вино и млечни масти од сладоледот добро ќе ве згреат и ќе го заштитат вашето грло, а за вашето непце ќе биде вистински празник.

    Уживајте!