Филмови на ТФФ 2015

На второто издание на Трпеза Филм Фестивал, ќе имаме можност да проследиме ревија на филмови кои во изминатите години дадоа нов поглед на храната, преку начинот на кој ја третираа на филмското платно.  Дел од овие филмови извршија големо влијание и инспирираа повеќе автори да започнат да истражуваат и снимаат нови филмови и да им ги доближуваат голем број на проблеми и предизвици кои стојат пред консументите и  можноста за избор кој го имаат,  додеката пазарат или со својата вилјушка на трпезата.

Проекциите ќе се одржуваат во Центар за култура, мала сала во Битола

Светот на виното (Mondovino)
| Jonathan Nossiter |2004 |135 минути| САД
09.12 2015 среда, 17:00 часот

 Светот на виното му ја одредува истата тешка пресуда која веќе им е доделена на светот на филмовите, книгите, политиката и пред сè на модерниот живот: Индивидуалноста е изгубена, маркетингот е новиот освојувач, луѓето го сакаат она кое им е посочено, а продажбата е единствената мерка за позитивното. На кратко (иако неговиот филм не е краток), вљубеникот во виното Џонатан Носитер расправа за тоа дека модерните вкусови на виното се контролирани од една алијанса која ги вклучува најмоќниот производител на вино, најпознатиот вински советник и највлијателниот вински критичар. Тие заедно поддржуваат еден умерен, масовно произведуван вкус во светот на консуматорите на вино кои себеси се сметаат за познавачи, но во суштина им се допаѓа само она за кое им е кажано дека треба да им се допадне.

Колбас (Sausage)
| Robert Grieves| 2013 | 6 минути | Велика Британија
09.12 2015 среда, 19:30 часот

Суштински прашања за етиката на системот на храна се одигруваат низ едноставна, но привлечна приказна за двајца улични продавачи. Идиличниот пазар сместен на плоштадот е нарушен од лукавиот продавач на брза храна, кој се сместува така што ги краде сите муштерии на пекарката и продавачот на колбаси. Какви методи треба да измислат овие традиционални продавачи, за да се изборат за сопствениот опстанок?
Борејќи се со многу чудни, убави и смешни методи, оваа забавна анимирана приказна ни доаѓа со важно предупредување за големите бизниси со храна.

 

Корпорација ХРАНА (FOOD Inc.) 

| Robert Kenner | 2009 | 93 минути | САД
09.12 2015 среда, 19:35 часот

Во „Корпорација ХРАНА“, американскиот режисер Роберт Кенер го подигнува превезот на прехранбената индустрија на сопствената држава, изложувајќи го високо механизираното тело сокривано од очите на американските потрошувачии сето тоа во согласност со националните агенции на американската влада USDA и FDA.
„Снабдувањето на нашиот систем со храна е контролирано од грст корпорации кои многу често профитот го ставаат пред здравјето на самите потрошувачи, животот на американскиот фармер, безбедноста на работниците, како и самата животна средина. Имаме кокошки со поголеми гради, свињи со совршени парчиња месо, соја семе отпорно на инсектициди, па дури и домати кои не се расипуваат, но исто така имаме и нови соеви Escherichia coli – од кои годишно се разболуваат 73.000 американци. Истовремено се обидуваме да ја одгатнеме прекумерната дебелина кај нашите деца и епидемијата на дијабетес кај возрасните.
Интервјуирајќи ги експертите како Ерик Шлосер (Нацијата на брзата храна), Мајкл Полан (Дилемата на омниворите), заедно со социјалните претприемачи како Гари Хиршбег и Џо Салатин, КОРПОРАЦИЈА ХРАНА ни открива изненадувачки и често шокантни вистини за тоа – то јадеме, како се произведува тоа, што сме станале како нација и кон што се движиме.“

 

Плашилото (The Scarecrow)
| 2013 | Chipotle | 3 минути|САД
10.12 2016 четврток, 17:00 часот

Во дистописки фантастичен свет, целото производство на храна е контролирано од еден измислен индустриски гигант – „Храната на Гавранот“. На плашилата им е одземена нивната општопозната улога за заштита на полињата со храна и сега тие се слуги на гавраните и нивните злобни планови да доминираат со системот на храна. Сонувајќи за нешто подобро едно осамено плашило започнува да прави алтернатива на неодржливата преработена храна од фабриката.
Филмот е поставен на преработка од песната „Чиста имагинација“ на филмскиот класик „Вили Вонка и фабриката за чоколади“ од 1971 година.

 

Kралица на сонцето (Queen of the Sun)
|Taggart Siegel | 83 минути | САД
10.12 2015 среда, 17:00 часот

КРАЛИЦА НА СОНЦЕТО: Што ни кажуваат пчелите? Еден длабок, алтернативен поглед на светската криза за опстанокот на пчелите, која ни доаѓа под водство на Тагарт Сигел, режисерот на ВИСТИНСКАТА НЕЧИСТОТИЈА НА ФАРМЕРОТ ЏОН. Извонреден документарен филм, кој истовремено е еден од најубавите филмови за природата. Преку исклучително добрата фотографија на Сигел, влегуваме во кошниците и ги следиме пчелите додека слетуваат од цвет на цвет. Медот и пчелиниот восок вредат многу пари, но доколку пчелите не би правеле мед и восок, тие повторно би биле од суштинско значење за средината. Причината: опрашувањето.
Водејќи нè на патување низ фазите на катастрофалното исчезнување на пчелите и нивниот мистериозен свет, овој обврзувачки и крајно предупредувачки филм ткае една необична и драматична приказна за борбата на пчеларите, научниците и филозофите од целиот свет, вклучувајќи ги Мајкл Полан, Гунтер Хаук и Вандана Шива. Заедно ги откриваат проблемите и решенијата во обновувањето на култура кој ќе биде во рамнотежа со природата.

 

Семe на слободата (Seeds of Freedom) 

Jess Phillimore |2012| 30 минути | Бразил
10.12 2016 четврток, 19:30 часот

„СЕМЕ НА СЛОБОДАТА“ ни ја илустрира приказната за семињата од нивните најдлабоки корени во традиционалните системи низ целиот свет кои изобилуваат со разновидност, до нивното преобразување во моќна удобност која се користи за да се монополизира светскиот систем на храна.
Филмот го нагласува степенот до кој индустријализираниот земјоделски систем и особено генетски модифицираните семиња (ГМО), влијаеа на големата биолошка разновидност на семиња развивани и чувани од фармерите и заедниците низ светот, од самите почетоци на земјоделството како дејност.
Приказната ја раскажува Џереми Ајронс, поткрепена и со преку интервјуата на Вандана Шива, Перси Шмејсер, пратеникот Зак Голдсмит, пратеничката Каролин Лукас, Хенк Хоблинк и сведоштвата на бројни фармери од Африка.
Приказната за семето е една приказна на загуба, контрола, потчинетост и долг, напишана од оние кои сакаат да направат огромен профит од нашиот прехрамбен систем, без оглед на вистинската цена. Време е да ја промениме таа приказна.

 

Нома на точка на вриење (Noma at Boiling Point)
Christian Vorting |2008 | 58 минути | Данска
10.12 2016 четврток, 20:00 часот

Ресторанот „Нома“ во Копенхаген веќе неколку години по ред е номиниран како ресторан број еден од страна на светски познати готвачи, критичари за храна и познати сопственици на ресторани. „НОМА НА ТОЧКА НА ВРИЕЊЕ“ влегува во кујната на ресторанот за да ни открие една остра и немилосрдна атмосфера. „Незабележано“, ја следи секојдневната драма во кујната во текот на шест турболентни месеци, исполнети со многу работа.
Главниот готвач, Рене Реџепи, со воена прецизност ги следи својата уникатна визија и готвачки талент, истовремено истражувајќи ги вкусовите и мирисите на Нордискиот регион. Триесет годишниот син на хигиеничар и возач на автобус, случајно го пронашол својот пат во услужувањето на училишната кујна и останал на него. Во Нома, работат светски познати готвачи и поранешни затворениции тоа рамо до рамо, а во потрага по едно нешто – готвење од светска класа. „Тоа е како во војска, но со таа разлика што сега оној што ми вика не е некој глупак“ изјавува Роберт Петерсен, боди билдер со насилно минато. Работејќи 70 до 80 часа неделно, персоналот на овој ресторан е под постојан притисок да им понуди на гостите единствено искуство, бидејќи сè што е помалку од совршено Реџепи не го прифаќа.
По комплетирањето на филмот, Нома се искачи од десеттото на првото место на листата светски ресторани.

Повеќе за програмата и настаните на фестивалот, следете на страницата на фестивалот на Facebook.