Нова ознака: производи со потекло од висикопланински предели

Виолетовиот ориз од Хималаите, кајсиите без мов од Киргистан и црниот амарант од Андите се само дел од производите, кои ќе можат да носат етикета со информација, дека се со потекло од планински предел. Тоа ќе се случи преку новата програма, во поддршка на приходите на земјоделците во оддалечените региони.

Луѓето, заштитата на свежата вода во светот и уникатниот биодиверзитет на планетава се изложени на притисок од страна на се пораспространетиот глад, климатските промени и институционалната маргинализација, соопшти Организацијата за храна и земјоделство при ОН – ФАО.

Програмата на ФАО “Партнерство за означување на планински производи” е мал чекор, која има за цел да им ја подобри судбината, односно да ги задржи вековните традиции, посочува организацијата на ОН.

„Повеќето планински производи се со многу висок квалитет“, забележува Розалаура Ромео, програмски координатор на програмата за планински производи, која опфаќа над 250 членови, вклучувајќи влади и добротворни организации.

„Сакаме да гарантираме дека можат да ги продаваат по една добра цена, вели таа. Скапите посредници ги транспортираат производите од планините и додека тие дојдат на пазарот, често се измешани со слични, но нискоквалитетни производи од пониска надморска височина, и потоа се продаваат по иста цена“, додава таа.
„Планинските фармери можат да добијат само 10% од пазарната цена во однос на 50% или повеќе – колку добиваат земјоделците од низините“, дополнува Ромео.

Етикетите за планинските производи се дел од пошироката програма на партнерство за поддршка на земјоделците. Тоа вклучува работа со трговците за да добијат фармерите подобра цена за нивното производство.
Покрај тоа програмата ги испитува начините за намалување на бројот на посредниците на некои производи.

“Планинските заедници во светот се соочуваат со исти проблеми… миграција, сиромаштија, пусти села”, дополнува Ромео.

“Етикетата е помош – нема да ги реши проблемите на жителите во планините, но ќе им помогне да ги продаваат своите производи, да продолжат со своите активности и да добијат достојна цена за својот труд”, додава таа.

Етикетата, кој ќе биде пуштена во употреба во следните неколку недели, е развиена заедно со Слоу Фуд, која има за цел да го подобри животот на земјоделските производители.

ФАО ќе ги пушти етикетите бесплатно за ситните фармери или земјоделските здруженија, кои се во можност да докажат дека нивните производи може да се најде само во планината и имаат мало влијание врз животната средина.

Идејата делумно се заснова на националните паркови во Европа и Северна Америка, кои развија етикети за своите производи.

Шемата нема да ги замени официјалните шеми за сертификација како Фер трејд (Fair trade), која исто така има за цел да го подобри животот и условите за работа на земјоделските производители.

Фото кредит © Pixabay