Слоу Фуд го осудува одобрувањето на CETA од страна на Европскиот парламент

  • 16/ 02/2017
  • Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦETA) помеѓу ЕУ и Канада е одобрен од страна на Европскиот парламент денес, со 408 гласа за и 254 против, и покрај масовниот отпор од страна на јавноста.

    Европскиот парламент гласаше и покрај противењето на широката коалиција на граѓанското општество која повика на отфрлање на договорот во Европа и Канада. Мобилизацијата против CETA е едно од најсилните европски демократски движења видени досега, вклучувајќи го и гласот на 3,5 милиони луѓе од цела Европа, кои потпишаа петиција против CETA и договорот близнак, меѓу ЕУ и САД за Трансатланско трговско и инвестициско партнерство (ТТИП).

    Во текот на денешната расправа, комесарот на ЕУ за трговија, Сесилија Малмстром, истакна пред пратениците дека договорот ќе ги зајакне економските врски на ЕУ со Канада како и меѓусебниот геополитички сојуз. Малмстром истакна дека ЦETA ќе им заштеди милиони евра на европските извозници во однос на тарифните такси, и ќе им овозможи на двајцата партнери да постават правила за моделирање на глобализацијата.

    Лидерка на францускиот Национален фронт и претседателски кандидат, Марин Ле Пен, тврди дека лошиот договор ќе стави под знак прашалник илјадници работни места во Европа и ќе ги елиминира правата на владите да донесуваат закони.

    Карло Петрини, претседателот на Слоу Фуд, по овој повод изјави: “Меѓународните договори за слободна трговија се бесмислени, ако не успеат да ги зголемат производствените стандарди (еколошки и социјални) за заштита на интересите на малите производители. Ова не е случај со CETA и тоа не беше случај ни со ТТИП. Ниту пак, тоа ќе биде случај и со други слични договори во иднина, со чие потпишување се откажуваат регулаторните и политичките функции кои треба да бидат привилегија на владите, со што се приватизира процесот на донесување одлуки, што е премногу. За да се добие појасна слика за тоа што ќе се случува: денес во Европа има околу 1.300 прехранбени производи со географска ознака, 2.800 вина и 330 алкохолни пијалоци. Како што е ратификуван денес, CETA ќе заштити само 173 од нив.”

    Жозе Бове, член на Европскиот парламент, отиде уште подалеку: “Договорот за слободна трговија со Канада ќе влијае негативно врз фармерите во Европа и Канада, особено во руралните средини како што се планински региони. Се плашам дека некои квалитетни прехранбени производи во голема мера ќе бидат казнети со лажната заштита со ознаките за потекло.

    Договорот ги укинува тарифите на 99 отсто од трговските стоки, им овозможува на фирмите во ЕУ да конкурираат за договори во Канада и се отвора пазарот на канадски услуги за компаниите во ЕУ.

    Според податоците на ЕП, во 2015 година тровијата меѓу ЕУ и Канада е проценета на повеќе од 60 милијарди евра, а со ЦETA се очекува таа да се зголеми за 20 отсто.

    Големите компании и мултинационалните компании се добитници од оваа зделка денес. Ова гласање е неуспех, но битката продолжува бидејќи CETA сега мора да биде ратификуван од 28 земји-членки. Борбата на европско ниво, мора да се зголеми во секоја земја одделно.

    Убеден сум дека запирање на сите билатерални преговори и заживување на мултилатерални преговори каде се земаат во предвид социјалните и еколошките права, особено прашањето на климата, е крајно итна “.

    Слоу Фуд ги повикува сите земји-членки на ЕУ да се консултираат со граѓанското општество и да ги слушаат гласовите на сите оние чија егзистенција ќе биде загрозена и да ги земе предвид заканите за нашата демократија. Тоа е неприфатливо за демократски избраните влади да потпишат далеку од нивните овластувања во корист на договорите за слободна трговија со кои се намалуваат правата и заштитата која ни е дадена нас и како граѓани и како работници. Луѓето треба да се пред профитот!

    Боиштето сега се префрла на граѓанското општество во секоја земја-членка на ЕУ.

    фото кредит © ofthe.eu