Вкуси филм: трето издание на Трпеза Филм Фестивал

  • 15/ 08/2017
  •  

    Филмови на третото издание на Трпеза Филм Фестивал:

    Сабота 19.08 2017 година

    17.00 часот

    Пред поплавата|  Fisher Stevens|  2016 | 96 минути | САД

    „Пред поплавата“ е документарен филм за климатските промени во режија на Фишер Стивенс. Филмот е продуциран како соработка помеѓу Стивенс, Леонардо Ди Каприо, Џејмс Пакер, Брет Ратнер, Тревор Давидоски и Џенифер Дејвисон Килоран. Мартин Скорсезе е извршен продуцент.

    Филмот премиерно беше прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември 2016 година, а потоа се емитуваше на каналот „Национал географик„ на 30 октомври, како дел од посветеноста на „Национал географик„ за покривање и актуелизирање на климатските промени.

    „Пред поплавата“ е производ на неверојатно тригодишно патување кое се ореализиравме со мојот ко-креатор и режисер Фишер Стивенс. Отидовме во секој агол од светот за да ги документираме катастрофалните последици од климатските промени и ја испитувавме способноста на човештвото да го промени она што може да биде најкастафален проблем што некогаш се соочило човештвото. Сите сме сведоци и ова патување ни покажа дека климата на нашата планета е неверојатно поврзана и дека ситуацијата е итна. Сакавме да создадеме филм кој ќе им даде на луѓето чувство на итност, што ќе ги натера да разберат кои конкретни работи ќе го решат овој проблем. На пример, го поставивме  прашањето за данокот на јаглерод диоксид, што не сум го видел во многу документарни филмови. Во суштина, се поттикнува капиталистичката економија да се обиде да инвестира во обновливи извори, да донесе помалку пари и субвенции од нафтените компании. Ова се работите што навистина ќе направат голема разлика. Треба да го користиме нашиот глас …    Не можеме да си дозволиме да има политички лидери, кои не веруваат во современа наука или научните методи или емпириски вистини. Не можеме да си дозволиме губење на време со луѓе на власт кои избираат  да им се верува на 2 проценти од научната заедница што во основа е поткупена од  лобистите и нафтените компании„ – Леонардо ди Каприо.

     

    18.30 часот

    Пивска култура|  Thomas Kolicko|  2011| 55 минути |САД

    Од микро до занаетчиски произведени  пива  овој документарец ќе ве однесе до гигантската пивска индустрија и страствените пивари. Филмот е фокусиран на пиварите во Колорадо, држава која произведува повеќе пиво од било која држава во САД. Филмот исто така опишува важен дел од американската историја каде што се случува „пивска ренесанса“ и ја менува комерцијализацијата на пивото. Жртвата која овие претприемачи ја прават за да го остварат она што навистина го сакаат е вистинска инспирација.

    Ако не можете да најдете пиво кое го сакате, зошто да не си направите ваше. Ова е тежок процес од на многу мигранти кои не можеа да го најдат пивото кое го сакаа во Америка, што доведе до создавање на микро пивари кои со занаетчиски изработено пиво го достигнаа „Американскиот сон“. Дури и денес многу од нас кои се стремат кон овој сон и тоа креира огромна историјата на производителите на пиво.

    Пивската култура не е само успех на производителите. Како што повеќе претпиремачи имаат заклучено, времето и посветеноста играат важна улога во секој бизнис.  Започнување на бизнис со пиво во време на рецесија и војни било голем ризик, многу од нив успевале само да ги исплатат само вработените на подолг период. Кризата за хмељ во 2002 благодарение на сиромашните приноси беше исклучително тешка за некои производители, но истрајноста конечно се исплатеше. Приказните за тешкотиите со кои производителите се соочиле не тера да ја цениме нивната посветеност во нивната работа.

    Листата на познати пивари во Колорадо ги вклучуваат Лефт Хенд, Нова Белгија, и Ејври. Други се уште се обидуваа да влезат во индустријата како: Апслоп, Еквинокс и Едилајн, покажуваат успех и покрај тоа што не се популарни имиња во индустријата. Без разлика дали се познати или не нивната страст за пиво е инспиративна и локалните заедници можат да го видат тоа.

    Чувството за заедница е силно, со многу добро поставени производители кои донираат на локалните банки за храна и хуманитарни организации. После соочување со толку тешка работа, вистинска мотивација е да се види како сопствениците се насочени кон иднината. Пивска култура не е само обичен документарец кој зборува за пивската индустрија туку е и потсетник за сите кои имаат страст да се посветат и покрај тешкотиите на кои може да се наиде.

     

     

    21.00 часот

    Mортон и Миа| Gentleman Scholar | 2017| 3 минути | Канада

     Канаѓанските производители на сирење предвидуваат  дека наскоро ќе се воведат нови трговски закони, што ќе ги направат увезените сирења подостапни за Канаѓаните. Американската креативна продукциска компанија „Gentleman Scholar“ во соработка со „DDB Canada“ и производителите на сирење од Канада преку оваа прекрасна анимација ќе успеат да го промовираат домашните и локални традиционални канадски сирења.

    Можете многу лесно да се заљубите во краткиот анимиран филм, во кој главниот лик Мортон покрај тоа што е производител на сирење е и голем ентузијаст кој ја охрабрува својата ќерка  Миа да продолжи со производството.

    Таткото и ќерката работат заедно за да направат вкусно сирење во својата традиционална продавница за сирење, кое го доставуваат до различни области со нивниот камион за сирење. И покрај големиот труд кој го вложува,  Мортон никогаш не го освојува првото место на меѓународниот натпервар за сирење, се до оној момент кога неговата ќерка Миа не ја искористи својата креативност и умешност.

    Овој филм е всушност кампања преку која се раскажува приказната поттикната од идејата дека она што го одделува канадските сирења од увезените европски сирења, е креативноста на канадските производители на сирење. Креативниот директор на ДДВ, Пол Волас, вели дека тимот сакал да се повлече од “традиционално создадената квалитетна приказна” која би била само добра реклама за сирење, туку да ја претстави идејата за слободата  на креативноста на канадските производители на сирење која може да ја искористат со цел да создадат нови сирења по рецепт на нивната душа.

      

    Готвачот |  Daniel Cohen |  2012| 84 минути | Франција

     Старомодниот готвач пробува да го модернизира својот стил на готвење за да го сочува својот ресторан во оваа француска кулинарска комедија.

    Улогите ги толкуваат  Жан Рено  како старомоден готвач и  Мајкл Јун млад надежен гениј кој се надева дека ќе помогне да го сочува престижниот ресторан.

    Ветеранот Рено ја игра улогата на  Александар Лагард, славен готвач и водител на готварско Тв шоу  кој ја загубил својата репутација поради старомодниот начин на готвење. Неговиот ресторант со три ѕвезди го превзема новиот алчен сопственик со намера да ги намали трошоците и да ја модернизира кујната.

    Знаејќи ја дупката во договорот на Александар, дека може да биде отпуштен доколку ресторанот изгуби ѕвезда, тој ја саботира кујната.

    Во меѓувреме несреќниот Џеки стратствен ученик на Александар кој ги знае сите негови рецепти, се пробива во кулинарската кариера. Отпуштен од неколку ресторани поради неговата доминанта улога и инсистирање на нови техники бил приморан да работи како чистач на прозори во стариот дом за да го смири долгото страдање на неговата бремена девојка Рафаел Агог.  Дури и таму не може да одолее да не се вмеша во кујната лутејќи ги постарите станари со неговите модерни кујнски вештини.

    Тимот набрзо ги надминува тешкотиите и пробува да ги модернизира рецептите на стариот готвач. Патем има многу забава потикната од молекуларната кујна што варира од забавна до ужасна.

     Недела 20.08 2017

      

    17.00 часот

     После дождот | Билјана Гарванлиева  | 2013 | Македонија | 20 минути

    Документарен филм кој прикажува четири жени фармери, кои се справуваат со негативните ефекти од климатските промени, секоја на свој начин. Го прикажуваме овој филм во чест на жената која на свој начин, успеа да ги прикаже на филмското платно. Билјана Гарванлиева (1973-2016), режисерката на кратки документарни филмови преку кои одново ја согледуваме улогата на жените во светот -достојни и борбени хероини. Филмот „После дождот“, го реализира во 2012 година со  техничка и финансиска поддршка на УНДП Македонија, Глобалниот Еколошки Фонд и Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Многу луѓе сметаа дека климатските промени сеуште се апстракција; закана со теоретско и хипотетичко влијание; нешто кое можеби ќе ги подигне температурите на планетата по неколку децении од сега. Но, во суштина ефектите ги чувствуваме и сега и тука, особено земјоделците кои се херои на овој филм. Четирите жени со различно етничко потекло – Македонка, Турчинка и Албанка, но и различен став околу земјоделството и денешните предизвици кои тоа ги носи од аспект на економијата и животната средина. Покрај разликите во возраста, културата и пристапот, искуството од обработувањето на земјата под едно исто небо ги учи на истата лекција – најважната порака на „После дождот“ – оние кои ќе ги преживеат климатските промени се истите кои знаат и умеат да се адаптираат сега.

      

    18.30 часот

     На трпеза кај…Македонија | Mирјана Момировиќ | 2016 | Германија| 26 минути

    Како дел од серијал што ги поканува сите љубители на традиционална храна да ги активираат своите сетила, гледајќи во кујните на семејствата од различни култури во Европа, филмот „На трпеза кај…Македонија“, е приказ за буковската пипер и најавтетичните рецепти во кои се користи зачинот: тавче-гравче, солило, сарма со лозов лист, питулици.

    Автор и режисер на серија епизоди посветени на традицијата, културата и гастрономијата на одделни региони е Мирјана Момировиќ. Во фокусот на документарниот филм кој го снимаше во септември 2016 година во Буково под покровителство на АРТЕ ТВ е семејството на Илинка Главевска и во истиот живописно го презентира животот на луѓето во селото, секојдневието и исхраната , традиционалните рецепти и здружувањето на производителите на буковска пипер во Президиум на „Слоу фуд“. Проверете сами зошто Момировиќ вели дека: „се одлучив за Буково зашто сакав да ја претставам Македонија преку пиперките“.

    bottleshock-movie-fact-vs-f

    21.00 часот

    Шок во шише|  Randall Miller|  2008| 110минути |САД

    Приказна за раните денови на производство на вино во Калифорнија, во која е прикажана неславната слепа дегустација во Париз во 1976 година, која стана позната како “Пресуда во Париз”.

    Во 1976 година, Стивен Спуриер доаѓа во долината Напа за да гo најде најдоброто вино кое ќе се натпреварува со францкуските вина за време на слепата дегустација на вина во Париз. Тој го запознава Џим Барет, кој додека го усовршува своето шардоне, неговиот замок Монтелена е заложен под хипотека. Во меѓувреме расте напнатоста  во односите на Џим со неговиот хипи син Бо и неговиот надзорник Густаво, син на мексикански работник, кој тајно прави  вино. За напнатоста да биде уште поголема се појавува Сем, дипломиран студент на УК Дејвис која има слободен дух и осеќа привлечност истовремена привлечност кон Густаво и Бо. Додека Спуриер ја организира дегистацијата “Пресудата во Париз“, Џим не сака да учествува, додека Бо знае дека тоа е нивна единствена шанса.