Одржлив рурален развој заснован на локална храна и соработка


Втората работилница на мрежата Слоу Фуд Балкан, се одржа во Фишта, Албанија од 06-08.07 2018 под името „Одржлив рурален развој заснован на локална храна и соработка“. Главната тема беше улогата на разновидноста на храната и гастрономската култура во одржливиот локален развој, дискусијата за потенцијалот на краткиот синџир за набавки и можностите и недостатоците на моделите за локален систем на храна и рурален развој. Мрежата развиваше концепти за заеднички регионални проекти и разговараше за потенцијалните извори на финансирање и модели на соработка.

Целосна програма на работилницата.
Фотогалерија од работилницата.

Работилницата беше поддржана од SWG со финансиска помош од проектот “Рурален развој преку интегрирано управување со шумите и водните ресурси во Југоисточна Европа: рурални перспективи: квалификација, реинтеграција и (само) вработување” финансиран од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, имплементиран од SWG и GIZ.