Клуч за иднината на храната

  • 15/ 10/2018

  • Предизвиците за одржлив, глобален систем на храна кој ќе не однесе во наредните години е застрашувачки. Сепак, имаме пристап до складишта со алатки со кои ќе работиме: да го одржуваме и унапредуваме органското производство.
    Документарните филмови и книги ни прикажуваат графички детали зошто се распаднаа Велигденските острови и ред други во минатото општество, така што имаме можност да учиме од грешките на далечните и минати народи .
    Во оваа ситуација најтешкиот дел им припаѓа на обичните граѓани.

    Потрагата по етикетирани производи, бенефиции и тврдења за нешто одржливо, во овој случај-органската храна, претставува еден лавиринт кој е доста збунувачки и напорен за консументите. Потрошувачите се соочуваат со исцрпувачка задача да ја пребаруваат бучавата за сигурни и точни информации за храната. За жал, ретки се објективните експерти кои се спремни да ја слушнат нивната загриженост и да им дадат одговри кои се засноваат на науката, а лесно се разбираат и користат во пракса.

    Земјоделците кои навистина се грижат за својата земја и сакаат да го балансираат своето влијание врз земјата со производството на поздрава храна и подобрување на здравјето на почвата се онаа целна група на фармери кои сакаме да ги гледаме во иднина – органски земјоделци.
    Терминот „органски“ се однесува на начинот на кој земјоделските производи се одгледуваат и обработуваат под надлежност на Законот за производство на органска храна. За разлика од начинот на производство, прописите варираат од земја до земја, во некои земји органските култури мора да се одгледуваат без употреба на синтетички пестици, биоинжинеринг гени, ѓубрива базирани на нафта и вештачки ѓубрива базирани на отпадни води додека во некои земји дел од ова е дозволено. Едно е јасно: Дека Земјоделските практики за органско производство неможат да обезбедат дека производите се целосно ослободени од остатоци од други материи но сепак се користат методи за минимизирање на загадувањето од воздухот, почвата и водата.

    Фармерите, истражувачите, едукаторите, историчарите, креаторите на политики и консументите се тука да анализираат и предложуваат лекови за проблемите од сопствените епохи. Некои од нив беа само „летачи во пронаоѓање на решение“, а други останаа нејасни за да бидат откриени во подоцните генерации. Многу од нив ја проучувале историјата гледајќи наназад. Ако малку слушаме гласовите на овие предци прават неколку работи за нас. Тие ни обезбедуваат историски контекст за разбирање на современите предизвици. Тие не инспирираат со нивната страст а што е најважно тие не потсетуваат дека историјата е континиум. Историјата е таа што не опишува каде сме, ги дефинира аспирациите и органичувањата на нашите тековни напори и не носи во иднината.

    Ако се вратиме наназад , пред Втората светска војна, сите култури биле органски. Потоа фармерите почнале да користат нови, синтетички пестици и хемикалии да го минимизираат плвелот, да ги уништат инсектите и глодарите. Што не е ново? Многумина не се грижат за долгорочните ефекти од внесувањето на хемиски остатоци во земјата и производите, за денес да се срамиме од онаа популарна критика која гласи дека Земјоделците не можат да обезбедат доволно органска храна за сите.

    Точно е! Ако секој јаде органско месо во квантитет, на денешниот агробизнис би било тешко да се произведе доволно органска храна за да се прехрани добитокот. Но, ако луѓето јадат помалку месо и има промени во размислувањето, би имало шанси нашите земји доволно да се развијат за да произведуваат органски производи како што правеле пред Втората светска војна. И тоа би ни претставувала уште една предност со што ќе бидеме подалеку во борбата против глад. Од помалку пестициди и подобрена исхрана на органското земјоделство е подобро за планетата , тоа е избор кој влијае на нашето здравје и животната средина. За мене, сето тоа целосно ја оправдува малку повисоката цена на производите. Цените на органските производи често знаат да бидат дури и за 100% повисоки од конвенционалните. Оваа ситуација некогаш е неповолна во каналите на продажба бидејќи се јавува недоверба кај купувачите во органскиот сектор, но во генерална смисла тоа е последица на недоволно едуцирање во однос на органската храна и малиот број на кампањи за подигнување на свеста кај граѓаните.

    Дали очекувањата ќе се реализираат зависи од самите производители на органска храна, која бара посветеност, напор, труд, обединување, а на второ место зависи од нивото на државната поддршка.
    Со излегување на новиот регистар на органски производители регистрирани се 680 што претставува охрабрувачка информација. Поразителна бројка има на обработливо органско земјиште со само 0.56% , додека во делот кај пчеларите и животните се забележува двојно зголемување на органското производство.
    Јаболката се ставени на приоритетната листа за органска храна за која вреди да се одвојат финансии бидејќи имаат дури и до 36 видови на пестициди, па оваа година органските градинари ќе добиваат повисока финансиска поддршка за 70%, а лозарите и овоштарите дури и за 100%.

    „Дали ќе ги заштитиме нашите извори на просперитет, нашите природни суровини или ќе дозволиме да изчезнат? Согласно, со она што го прифаќаме или игнорираме наша одговорност како доверители на благосостојбата на целата нација , на нашите деца и децата на нашите деца како и за недојдените генерации наша одлука е дали ќе не наречат благословени или ќе ги подложиме на страдање пред наши врати“.

    Текст: Анита Главевска, Слоу Фуд Битола
    Фото кредит © Slow Food архива

    Поддржано од „Програма за зголемување на пазарот на трудот“, кој го реализира Swisscontact Macedonia, а финансиран од “Swiss Agency for Development and Cooperation“. Ставовите изнесени во статијата не ги изразуваат ставовите на донаторот.