Сечуанска кујна во „Вила Дихово“

  • 23/ 10/2018
  • Неверојатната разноликост на кинеската кујна е создадена низ долга и возбудлива историја. Денес кинеската кујна е многу популарна во светот, а кинеските ресторани се се повеќе посетени. Кинеската кујна води потекло од разните региони во Кина и денес е распространета во речиси сите земји ширум светот.

    Регионалните култури во Кина се разликуваат една од друга во голема мера, па така се разликува и нивната храна. Во Кина постојат осум главни регионални кујни: анхуејска, кантонска, сечуанска, фуџенска, хунанска, џеџаншка, џангсуанска и шандуншка. Постои и будистичка и муслиманска поткујна во рамките на пошироката кинеска кујна.

    Оризот е една од главните состојки на кинеската кујна. Меѓутоа, во многу делови на Кина, посебно на север, доминираат јадењата кои во основа содржат житарки, како што се тестенините од пченкарно брашно, кинеските шпагети, кои во Италија ги довел Марко Поло. Во јужниот дел доминира оризот, а оттаму потекнуваат познатите оризови тестенини.

    Огнената храна, поспаните панди, разновидните древни култури и дивите природни пејзажи се само неколку атракции на провинцијата Сечуан, “Кина во Кина”, како што популарно ја нарекуваат..
    Слоу Фуд Битола ве запознава со Сечуан преку нејзината гастрономска култура, заштитена и од УНЕСКО во 2011 година.

    Презентацијата на сечуанската кујна, ќе се одржи во недела 28.10 2018 година, од 19 часот во „Вила Дихово“, село Дихово, Битола.

    Мени на вечерата:
    • Сечуански чај за добредојде
    • Супа со нудли, зеленчук и шитаке печурки
    • Кунг Пао пилешко со кикирики и сечуански пиперки
    • Сечуанско двојно пржено свинско месо со печурки „уво“
    • Шуи Зу говедско месо со чили паста со соја и сечуански бибер
    • Кинески пупалиња со кафеав шеќер и кикирики
    • Ориз, конзервиран зеленук
    • Вино

    Мени карти:
    • 450 денари за членови на Слоу Фуд
    • 500 денари за гости *
    *)предност во резервацијата имаат членовите на Слоу Фуд

    Информации и резервации:
    • info@slowfood.mk

    Уплата и подигнување на мени картите:
    • среда-петок: 12-16 часот, канцеларија на Слоу Фуд Битола, ул.Климент Охридски 33/35 Пелагонка 2, Битола

    фото кредит © lonelyplanet.com