Бирарија – Фестивал на занаетчиско пиво

Почетоците на пиварството во Македонија се врзани за Битола. Традицијата на консумација, боемството и интересот на новите генерации за занаетчиските пива, не инспирираа да се зафатиме со организирање на првиот пивски фестивал во нашиот град.
Време: 29.06 2019, сабота 18-24ч.
Локација : пацио на Музејот во Битола.
Програма:
•Дегустација на 50тина различни пива од 15 производители
•Презентација на состојки за производство на пиво, технологија на производство и стилови на пиво
•Слоу Фуд мезиња
oБогата музичко-забавна програма:
o Dj B.boy (Dј set)
o „Мемфис Мафија“ (во живо)
o „Пивски приказни“ со Лупчо Петров (стенд-ап настап)

Влезница: 100 денари (добивате брендирана чаша и можност за дегустација на изложените пива).

„ Кога бевме Битола, Васе, Васе
шеќер, локум јадевме.
Шеќер локум јадевме Васе, Васе
ладна бира пиевме.“
~ народна песна

Настанот е во реализација на Слоу Фуд Битола преку проектот „Мобилизација на граѓанското општество за поттикнување позитивни општествени промени – МОГО ПОП“ спроведуван како дел од проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации“ на Македонско здружение на млади правници. #EUproject #EUfunded #ЕУзаТебе #LegalAdvocacySutainabilitySupportForCSOs

Спонзори и поддржувачи на настанот: Горска вода, Нискоградба Битола, Водовод Битола, Пиводром Скопје, Порталот: sakampivo.mk
Повеќе информации во инбокс: https://www.facebook.com/slowfood.bitola

Ве покануваме за заедно да се разладуваме, забавуваме и да уживаме во нашата „Бирарија“.