Слоу Фуд вклучува милиони луѓе кои се желни за добра, чиста и правична храна. Нашата мрежа од готвачи, млади, активисти, фармери, рибари, експерти и академици се состои од серија подмрежи:

  • Мрежа од околу 100.000 Слоу Фуд членови
  • Тера Мадре мрежа од 2.000 заедници за храна кои практикуваат мали производства и одржлив развој на квалитетна храна низ целиот свет
  • Слоу Фуд Младинска Мрежа (СФММ)
  • Универзитет за Гастрономски науки
  • Домородна Тера Мадре Мрежа која поврзува заедници и организации од целиот свет.