2.1.4Polzav 3.1.4Coek 4.1.4PitulicaКонвивиуми

Конвивиум (con vivere = да се живее заедно) е локално здружение (организација, членство) на Слоу Фуд. Повеќе од 100 000 членови на Слоу Фуд се дел од овие автономни групи познати како конвивиуми, каде што секојдневно се среќаваат и со голема почит го негуваат и пренесуваат задоволството и радоста од квалитетот на добрата локална храна.

Секој конвивиум организира бројни настани во текот на годината, почнувајќи од едноставни вечери каде членовите се наоѓаат и ги споделуваат меѓусебно неописливите емоции од добрата храна, исто така ги посетуваат локалните производители и фарми, ораганизираат конференции и дискусии, филмски фестивали, едукации (предавања) за вкусот на децата и на возрасните, промовираат Пазари на фармерите и многубројни настани и проекти со цел да се запознаат локалните јадења и локалните производители на истите, за потоа да се информираат останатите за нив. Конвивиумите и членовите кои волонтираат во нив, се столбот на Слоу Фуд. Денес има повеќе од 1.500 конвивиуми ширум светот.
Конвивиумот создава локална мрежа помеѓу сите оние кои што делат една иста идеја “јадењето е агрокултурен чин кој создава гастрономски чин ”.
Активностите на конвивиумите се многу значајни за Слоу Фуд бидејќи тие ја пренесуваат и оживуваат филозофијата на организацијата. Настаните и иницијативите кои што се организирани од локалните конвивиуми, како што се пазарите на фармерите во Бејрут, Либан, филмскиот фестивал на храната што се одржува во Мар дел Плата, Аргентина, потоа партнерските програми помеѓу Медисон, САД и Мантуа, Италија, се настани на кои членовите можат да се сретнат и да ја споделат заедничката страст која ги поврзува .

Национални мрежи

Некои земји имаат формирано национална асоцијација која што е регулирана од Националните Одбори и ги координира активностите и проектите за Слоу Фуд во согласност со потребите на сопствените држави. Национални Слоу Фуд асоцијации веќе постојат во Италија, САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Франција, Јапонија и Холандија, нови асоцијации ќе се отвараат во Австралија и Чиле.

Интернационална мрежа

Центарот на оваа мрежа е Слоу Фуд Интернационал. Оваа организација има непрофитен статус и според тоа финансиските придобивки се резултат на различните активности кои што се пропишани во статутот на оваа организација. Интернационалната мрежа на Слоу Фуд го координира, планира и промовира развојот на движењето ширум светот. Сето ова е менаџирано од Инетрнационалниот Борд на Директори кои што се избираат на секои четири години за време на Интернационалниот конгрес на Слоу Фуд. Одборот на директори се состои од интернационалниот лидер (претседател) Карло Петрини, три потпретседатели и интернационален секретаријат, а исто така тука спаѓаат и претседателите на главните национални асоциjации.
Највисок институционален менаџерски тим на Слоу Фуд е Интренационалниот Одбор на Директори. Интернационалната раководна структура на Слоу Фуд е составена од Меѓународниот Совет, кого пак го сочинуваат 19 земји, така што на тој начин се дефинира политичката стратегија и стратегијата за развој на Слоу Фуд. Седиштето на интернационалната мрежа на Слоу Фуд е сместен во Бра, Италија.