2.2.2LubejnciСлоу Фуд е отоворена организација која што е составена од различни членови, токму тоа ја прави организацијата уште посилна. Членовите играат важна улога во организирањето на различните настани, а исто така земаат учество во различни активности на локално, национално и интернационално ниво.

Членовите на Слоу Фуд градат цврсти односи со производителите на локална храна и ги охрабруваат да учествуваат во интернационални настани за заштита на традиционалната храна, а исто така и ги охрабруваат шефовите на кујна да употребуваат храна произведена на традиционален начин. Членовите на Слоу Фуд ја шират филозофијата на организацијата и ја претвораат во реалност.

Членовите можат да се приклучат во локалните комитети на конвивиумите или пак да отворат нови конвивиуми. Тие се дел од локалните заедници, но исто така се и активни во широката интернационална мрежа на Слоу Фуд. Како член на Слоу Фуд, секој може да помогне во промената на системот на исхрана и да стане дел од интернационалната мрежа на истомисленици, производители и копроизводители, да асистира и да го поддржува производсвото и дистрибуцијата на храна и да учествува во промоцијата на едукативните проекти ширум светот. Со самото зачленување во организацијата, секој член има и етички придобивки.