2.2.3lugje2 3.2.3avtopat 4.2.3leb

Тера Мадре е меѓународна мрежа на заеднците за храна – групи на мали производители на храна и други обединети околу производството на одреден производ  кој е тесно поврзан со географската област.

Мрежата ги обединува производителите на храна, рибарите,  сточарите, готвачите, експертите, младите луѓе, невладини организации и ги претставува локалните заедници кои работат на воспоставување на систем за добра, чиста и правична храна од основата.

Тера Мрежата беше основана од страна на Слоу Фуд во 2004 со цел да им се даде глас и видливост на заедниците  низ целиот свет кои се доближуваат до производството за храна за заштита на животната средина и заедниците. Првиот собир на заедниците за храна од Тера Мадре, се одржа во Италија каде се собраа 5.000 производители од 130 земји. Од 2004 година, на секои две години Тера Мадре мрежата  заедно се собираат на меѓународниот  настан, а истовремено се организираат и национални и регионални средби ширум светот.

Националните и меѓународните Тера Мадре собири се организирани во многу земји вклучувајќи ги Бразил, Шведска, Холандија, Балканот, Танзанија, Канда, Јанонија, Јужна Кореа и Ерменија.

Слоу Фуд и Домородната Тера Мадре Мрежа се поврзуваат со различни видови на мрежи, заедници и организации низ целиот свет за добивање на битно  локално  и регионално знаење, како и запознавање со други ралични заедници низ целиот свет.

Првиот Слоу Фуд настан посветен на Домородните народи се одржа во Шведска во 2011. На настанот се собраа претставници од домородните заедници од целиот свет да разговараат како да го пренесат своето знаење и визија за прозиводството на храна во модерното време. Следниот настан на Домородната Тера Мадре мрежа ќе се одржи во Мегхалаја, северна Индија во 2015.

 

За повеќе информации посетете ја мрежата, да ги пронајдете заедниците на храна во вашиот регион, или да дознаете повеќе за следните настани:

www.terramadre.org