2.2.4lugje2 3.2.4hrana

Изеди ја иднината која ја посакуваш!

Слоу Фуд Младинската Мрежа (СФММ) е светска мрежа на млади луѓе кои создаваат подобра иднина преку храната.

Обединетите групи на млади ентузијасти за храна, готвачи, активисти, студенти и прозиводители  на храна  учествуваат во јавни дебати за да ги воведат младите луѓе во светот на гастрономијата.

Преку нивните уникатни настани и активности, СФМ групите работат за подигање на свеста за важни прашања како на пример како да се нахрани светот, фрлената храна и одржливо производсво на храна како и стимулирање на позитивна акција.

Диско Супа настан –готвење на огромна супа од остатоци од храна во комбинација со музика и дружење, при што праќа цврста порака во однос на фрлањето на храна.

Филмскиот фестивал за храна во Амстердам, три-дневниот фестивал каде храната се гледа од сите агли, се презентираат документирарни и играни филмови, се одржуваат дебати и работилници.

Во текот на годината настаните на Слоу Фуд Младинската Мрежа се одржуваа насекаде во светот, од маркети, конференции и фестивали до денови на правење  доматен сос.

Во 2007 година студенти од Универзитетот за Гастрономски науки и други универзтети заедно со млади фармери, рибари, занаетчии, готвачи и активистии ја основаа мрежата на Слоу Фуд Млади. Денес мрежата се претставува во многу земји – од Кореа до Франција, Америка и Мексико.

Во Македонија е основана автономна младинска организација,  Слоу Фуд Млади Македонија (СФММ), која е една првите организации во Европа и игра активна улога и на меѓународно ниво во рамки на мрежата.

 

www.slowfoodyouthnetwork.org

www.slowfood.mk/youth