2.2.5Pollenzo 3.2.5hrana

Во 2004 година на иницијатива на Слоу Фуд е отворен Универзитетот за гастрономски науки (УГН)  во комплексот Агенција ди Поленцо во близина на Бра,Италија, реновиран со поддршка од властите од регионот Пиемонт  и со повеќе од 300 приватни донатори. Слоу Фуд за таа цел ја формираше Асоцијацијата на Пријателите на Универзитетот за Гастрономски науки за да се соберат потребните средства и за да се дефинираат стратегиите за менаџмент на легално признат приватен универзитет.

УГН е промовиран од Слоу Фуд и регионите  Пиедмонт и Емилиа Ромања. Овој универзитет е приватен и како институција е призната од  државата, а воедно е и прв универзитет од овој вид, давајќи академески кредибилитет на студиите за храна и создавајќи нова дефиниција за гастрономијата. Студиите се одржуваат во два кампуси:  Поленцо, во близина на Бра, во регионот Пиедемонт,  каде што се одржуваат три годишни студии за Гастрономски Науки, а од 2008 започнаа и две годишните студии за Гастрономски Бизнис Менаџмент во Колорно, во близина на Парма, во регионот Емилиа Ромања, се одржуваат и едно годишни пост дипломски студии (Мастер за гастрономски науки и Мастер на култура на храна и комуникации).

Иновативниот мултидисциплинарен училишен модел ги комбинира хуманоста и науката преку сензорниот тренинг и здобиеното искуство од прва рака (за време на студиските патувања), вклучувајќи и занаетчиски и индустриски начин на производтсво на храна. Целта е да се формира ново гледиште за гастрономијата и да се едуцираат нови професионалци- гастрономи,  кои ќе бидат способни да го поврзат актот на јадењето со актот на производството, заедно со сите фази кои се случуваат помеѓу.

По дипломирањето, младите гастрономи од двете програми, на додипломски и постдипломски студии, имаат пред себе широк избор на професионални можности. Маркетинг и публицизам за прехрамбени компании, туризам и културно-организациски менаџмент, производство на храна и дистрибуција, пишување и консалтинг, потрошувачко и стручно образование,  сите овие се начини преку кои што УГН е различен од другите универзитети за гастрономија.

До денес, околу 2.000 студенти се запишале на Универзитетот за Гастрономски Науки во Полензо и Колорно. Студентите со три годишна студиска програма кои следат настава во Полензо доаѓаат од 22 различни земји.  Преку кампусите кои се организираат од Слоу Фуд конвивиумите и преку присуството во Интернационалната Младинска Мрежа, студентите од УГН формираат столб за младите ширум светот.

За повеќе информации за Универзитетот за Гастрономски Науки посетете ја страната www.unisg.it.