Организирање на настани кои се случуваат секојдневно ширум светот, од локални организирани во раки на конвивиумите, до најголемите интернационални настани како „Салоне дел Густо“, „Тера Мадре“, „Слоу Фиш“ организирани од централната организација. На ови настани секојдневно се слават и промовираат производителите на вкусна храна, кои воедно се грижат за животната средина и луѓето, спојувајќи ги задоволството и одговорноста. Овие настани овозможуваат да се зајакнат врските меѓу производителите и конзументите, да се сподели концептот на „добра, чиста и правична храна“ и да се спојат заедно по важните прашања кои поврзуваат различните учесници во системот на храна. На овој начин производителите од различни региони и земји можат да разменат искуства за предизвиците и проблемите со кои се среќаваат при секојдневното производство. Пгледнете ги календарите на најзначајните настани на меѓународно и локално ниво во Македонија.