Арката на вкусови е формирана во 1996 година за време на одржувањето на првиот “Салонe дел густо” (Salone del Gusto) во Торино, Италија.

Подоцна во 1997 година, Научната Кoмисија на Арката на вкусови, која што е формирана во Италија, одреди неколку критериуми кои се составен дел од Манифестот, и кои што производите мора да ги задоволуваат со цел да бидат дел од бројниот каталог:

  • Со беспрекорен (исклучителен) квалитет во рамките(терминологијата) на вкусот;
  • Поврзан со специфично географско подрачје;
  • Направени од мали занаетчиски производители;
  • Направени со користење на одржливи земјоделски методи;
  • и да се во опасност од исчезнување.

Националните Комисии на Арката на Вкусови се составени од истражувачи, научници и експерти за храна, и се соодветно распоредени во различни земји ширум светот. Најнапред овој вид на Научна Комисија се формирала во САД и Германија, потоа во Швајцарија, Холандија, Франција, Шпанија и во многу други земји.

Нa 26 Октомври 2002 година , за време на “Салонe дел густо”  во Торино, е формирана и интернационалната комисија која што е составена од членови од различни национални групи. Оваа веќе избрана мониторинг комисија, определува производи ширум светот кои што ги исполнуваат критериумите за да бидат дел од Арката на Вкусови и во оние земји каде што Слоу Фуд сеуште нема членови.