Водич за комисијата на Арка на вкусови

 

Член 1

 

Изборот и одобрувањето на одредени производи мора да се базира на следните критериуми:

 

  1. Производите мора да се карактеризираат со специфичен квалитет во однос на вкусот. Така во контекст на “квалитетен вкус“, се дефинира и специфичноста на самиот производ и неговата традиционална вредност и употреба.
  2. Специфичниот производ мора да биде тесно поврзан со идентитетот на одредена национална група, и како специфични производи можат да бидат различни екотипови на зеленчук, или животниски видови кои се добро аклиматизирани на подолг период на одредено географско подрачје.

 

Примарниот материјал за производство на одредени прехранбени производи мора да биде со локално потекло, освен кога станува збор за област која што се наоѓа надвор од регионот на производтсво, при што производтсвото на специфичните прехранбени производи мора да биде на традиционален начин и да се користат продуктни од одреденото географско подрачје. Секој комплементарен материјал кој што се користи во текот на производството на производот (зачини, мирудии и т.н) може да биде од било кој извор, а нивната употреба мора да биде дел од традиционалниот процес на производтсво.

  1. Производите мора да бидат поврзани еколошки, социо-еконосмки и историски со одредена специфична географска област.
  2. Производтсвото на традиционалните производи мора да биде во ограничени количини, и овие производи мора да ги произведуваат “малите” произведувачи и земјоделци .
  3. Производите мора да бидат на листат на производи на кои им се заканува опасност од исчезнување.

 

 

Член 2

 

Општи правила за управување со Арката на Вкусовите:

  1. Генетски модифицираните производи или производи кои содржат генетско модифицирани организми се забранети.
  2. Ниеден производ кој што користи или рекламира одреден комерцијално индустриски бренд, не може да биде дел од арката на Вкусовите.
  3. Употребата на името Слоу Фуд, или препознатливото лого на организацијата, за кој и да било производ кој не е дел од листата на Арката на Вкусови или пак не е прогласен за Президиум е забрането.
  4. Производите кои што ќе бидат дел од Арката мора да бидат произведени во согласност со општите барања на Слоу Фуд и да бидат дел од разните кампањи и саеми кои ги организира.

 

 

Член 3

 

Инернационалната комисија ги има следните одговорности:

 

  1. Дефинирање на критериумите и категориите на производи кои ќе бидат дел од Арката на Вкусот.
  2. Дефинирање на основните правила на Арката.
  3. Потврдување на усогласеноста со општите правила од страна на Националните Комисии на Арката на Вкусот.
  4. Поддржување на Националните Комисии.
  5. Помагање за формирање на Национални Комисии во земји каде што истите сеуште не постојат.
  6. Потврдување за одредена специфичност на карактеристични производи во земји во кои што сеуште не е формирана Национална Комисија на Арката на Вкусот.

 

 

Член 4

 

Ниеден Национален Одбор ја нема моќта автономно да ги промени правилата и прописите на Арката. Потребни се најмалку двајца членови од Интернационалниот одбор за воведување на евентуални промени во меѓународната комисија на Арката за правила и задачи каде истите би биле разгледани и изгласани на било кој состанок на кој би биле присутни најмалку две третини од членовите на Инернационалната комисија на Арката.

 

 

Член 5

 

Управниот одбор на националната асоцијација ( или Националната Комисија ) мора да достави листа со имиња на членовите кои се дел од Националната Комисија и името на претседателот на Комисијата до бордот на Инетранационалниот Претседател како и до Слоу Фуд Фондацијата за Биодиверзитет.

 

Националната Комисија ќе биде официјално активна само доколку тоа е одобрено од бордот на Интернациналниот Претседател и од Слоу Фуд Фондацијата за Биодиверзитет.

 

Во земјите каде што нема одбор или Национални координатори, но сепак постојат услови и пред се интерес за формирање на Национална Комисија, Управниот Одбор на Интернационалниот Претседател ќе обесбеди листа со имиња соодветни за позицијата членови на Националната комисија, како и ќе биде обезбедено и предложено името на Претседателот на Националната комисија.

 

Доколку Управниот одбор на Националната Комисја смета дека е потребна промена на некои од членовите во Комисијата или е потребна промена на Претседателот на Националната Комисија, неопходно е да се достави писмен извештај во период пред одржување на Интернационален Конгрес, до Управниот Одбор на Интернационалниот Претседател и до Фонадцијата на Слоу Фуд.

 

Доколку Управниот Одбор на Интернационалниот Претседател смета дека е неопходно да се направи каква и да било промена во структурата на Националната Комисија, или да се промени претседателот на истата, во период пред одржувањето на Интернационален Конгрес, неопходно е да се прати писмено известување до Националните Координатори и до Фондацијата на Слоу Фуд.

 

Доколку Управниот Одбр на Фондацијата на Слоу Фуд смета дека е неопходно да се направи промена во структурата на Националната Комисија или да се Промени Претседателот на истата, во период пред одржувањето на Интернационалниот Конгрес, неопходно е да прати писмено Известување до Управниот Одбор на Интренационалниот Претседател и до Националните Координатори.

 

Доколку не може да се постигне спогодба за одредени промени тогас Управниот Одбор на Интернационалниот Претседател ја донесува финалната одлука.

 

Сите членови на Националната Комисија мора да бидат и членови на Слоу Фуд.

 

На позицијата претседател на Националната Комисија не може да биде истоврмено Претседателот односно лидерот на Националните Асоцијација.

 

 

Член 6

 

После секој меѓународен конгрес, сите национални одбори се распуштаат и мора повторно да се преназначат.

 

 

Член 7

 

Отстранување на членови од Меѓународната комисија може да се случи ако:

 

  1. Не го почитуваат правилникот на Меѓународната Комисија
  2. Доволно не ја развиваат својата Национална Комисија
  3. Според дадените регионални разлики, не ги исполнуваат целосно задачите на Националната Комисија, на пр. За време од една година државата што тие ја претсавуваат, доставува помаку од три продукти од Арката кои се веќе прегледани и испитани ( до тој степен што НАционалната Арка е утврдена како “целосна”
  4. Не се повеќе дел од Интернационалното Слоу Фуд движење.