Президиуми се проекти кои се создадени за да ги зачуваат занаетчиските производи, автохтоните животински раси, растителните сорти, традиционалните земјоделски и риболовни техники, екосистемите и руралните пејзажи на кои им се заканува опасност од исчезнување. Овие проекти ги вклучуваат заедниците на малите локални производители кои имаат желба за соработка и заедно да ги воспостават производните правила и начинот на промоција на нивниот производ. Тие го зачувуваат древното знаење, ги поддржуваат одржливите практики и ги промовираат локалните области. Президиумите се конкретни и достоинствени примери за одржливо земјоделство кое се заснова на квалитет, благосостојба на животните, одржливост и истовремено ја поврзува локалната област со здравјето на консументите и уживањето.

Слоу Фуд им помага на производителите преку организирање на тренинзи за размена на искуства и преку промоција на нивните производи; ги пренесува нивните приказни (приказните на производителите, знаењето, локалната област и методите на производстсво), преку мрежата на асоцијации кои ги поврзува производителите со потрошувачите преку настани, во кои се вклучени и готвачи или организира директни продажби, како на пример преку пазарите на фармери и го потпомага формирањето на потрошувачки групи.