Проектот президиуми започна во 1999 година. По ставањето во каталог на илјадници производи на кои им се заканува опасност од исчезнување преку Арката на Вкусови, Слоу Фуд одлучи да направи чекор напред и кокнкретно да се вклучи во светот на произвдството; преку запознавање на области, средби со производители и промоција на нивните производи, работа и мудрост. Со текот на годините, проектите президиум станаа најефективна алатка за ставање во пракса и споделување на одличните примери на Слоу Фуд политиките за земјоделство и биодиверзитет.

Голема пресвртница беше одржувањето на Салоне дел Густо (Торино) во 2000 година. Посебен дел од оваа голема меѓународна манифестација на храна и вино, беше посветен на првите 90 италијански Президиуми, што привлече огромно внимание на јавноста и на медиумите. Развојот на меѓународните президиуми започна во 2000 година и првите 19 меѓународни президиуми го направија своето деби на следното издание на Салоне дел Густо во 2002 година.

Со формирањето на Слоу Фуд фондацијата за биодиверзитет во 2003 година, таа го превзеде развојот и менаџирањето на проектите на президиумите.

Денс има повеќе од 500 президиуми ширум светот. Овој проект прерасна во гордост на Слоу Фуд, преку кој што се овозможи и развој на туризмот, економска ревитализација на руралните средини како и зачувување на историскиот екосистем.