Nox App Player garageband Facetime odin Download Vulkan Runtime Libraries emulator

Happy New Year 2020 Happy New Year 2020 Images Happy New Year

Слоу Фуд Младинска Мрежа

Изеди ја иднината која ја посакуваш!

Слоу Фуд Младинската Мрежа (СФММ) е светска мрежа на млади луѓе кои создаваат подобра иднина преку храната.

Обединетите групи на млади ентузијасти за храна, готвачи, активисти, студенти и прозиводители  на храна  учествуваат во јавни дебати за да ги воведат младите луѓе во светот на гастрономијата.

Преку нивните уникатни настани и активности, СФМ групите работат за подигање на свеста за важни прашања како на пример како да се нахрани светот, фрлената храна и одржливо производсво на храна како и стимулирање на позитивна акција.

Диско Супа настан –готвење на огромна супа од остатоци од храна во комбинација со музика и дружење, при што праќа цврста порака во однос на фрлањето на храна.

Филмскиот фестивал за храна во Амстердам, три-дневниот фестивал каде храната се гледа од сите агли, се презентираат документирарни и играни филмови, се одржуваат дебати и работилници.

Во текот на годината настаните на Слоу Фуд Младинската Мрежа се одржуваа насекаде во светот, од маркети, конференции и фестивали до денови на правење  доматен сос.

Во 2007 година студенти од Универзитетот за Гастрономски науки и други универзтети заедно со млади фармери, рибари, занаетчии, готвачи и активистии ја основаа мрежата на Слоу Фуд Млади. Денес мрежата се претставува во многу земји – од Кореа до Франција, Америка и Мексико.

Во Македонија е основана автономна младинска организација,  Слоу Фуд Млади Македонија (СФММ), која е една првите организации во Европа и игра активна улога и на меѓународно ниво во рамки на мрежата.

www.slowfoodyouthnetwork.org

www.slowfood.mk/youth