Oдобрен е ГМО лососот

За прв пат во историјата Агенцијата за храна и лекови на САД (Food and Drug Administration – FDA) дозволи употребата на генетски модифицирано месо за храна.
Експертите го сметаат за безбеден лососот AquAdvantage добиен со помош на воведување на туѓа ДНК.

Според соопштението на FDA, по темелно истражување, FDA го одобри ГМО лососот AquAdvantage. FDA не наоѓа никакви разлики во исхраната и биолошките својства на ГМО лососот во споредба со обичниот. Тие тврдат дека воведениот фрагмент на ДНК во рибата за забрзување на нејзиниот раст, не предизвикува никаква штета. Но, благодарение на него, рибата расте 2-3 пати побрзо од традиционалните лосос, а за одгледување и е потребно 25% помалку храна.

“FDA внимателно ги анализира информациите за лососот AquAdvantage, претставена од компанијата AquaBounty. Агенцијата утврди дека рибата ги исполнува законските барања и нејзината употреба за храна е безбедна”, – рече директорот на Центарот за ветеринарна медицина во FDA, Бернадет Данам.

AquAdvantagе лососот е генетски модифицирана форма на обичниот атлантски лосос, дизајниран и развиен од корпорацијата AquaBounty Technologies. Медиумите јавуваат дека хормонот за раст за неа е позајмен од најголемиот вид на тихиокеански лосос – кралскиот лосос. За да се задржи активноста на хормонот бил користен генетскиот материјал од американската јагула – исто најголемиот претставник на семејството.
Производите од генетски модифициран лосос ќе ги произведува само една американска компанија – AquaBounty Technologies – во двете фабрики во Канада и Панама. Рибата ќе биде одгледувана во рибници кафези на езерата во Канада. На кафезите се монтирани бројни бариери за спречување на одлевање на рибите и икрата. Но, како што е наведено во соопштението, дури и ако избегаат одделни примероци на ГМО лососот AquAdvantage, тие не можат да се размножуваат на слобода или да се парат со океанската популација, бидејќи се стерилни. Барањето за одобрување на компанијата AquaBounty Technologies, која ќе ја произведува ГМО рибата, го чека мислењето од FDA цели 12 години (од 2003 година). Компанијата почна развој на овој вид риба уште во далечната 1989 година.

FDA, истотака најави пуштање во примена на две инструкции за етикетирање на производи со ГМО состојки. Едниот прирачник ги опишува правилата за етикетирање на генетски модифицирани растителни производи, а вториот е целосно посветен на AquAdvantage лососот и производите достапни од него, вклучувајќи ги и конзервите. Инспекторатот за храна и лекови ќе иницира јавна дискусија за означување на производите кои содржат ГМО, во рок од 60 дена, почнувајќи од 23 ноември.

Ова е уште еден доказ, и покрај противењето на голем број граѓани и организации, ширум светот, преку голем број на кампањи против ГМО храната, продолжуваат експериментите на големите корпорации и одобрувањето на нови производи од страна на официјалните власти на САД.

  • Слоу Фуд во Македонија, веќе три години ја води кампањата „НЕ за ГМО“, координирана од преку Слоу Фуд Млади Македонија, со цел јакнење на свеста кај граѓаните за опасностите од производството и консумацијата на храна по потекло од генетски модифицирани организми.