Тера Мадре форум: Традиционалното е возможно!

Сирењето се прави со само три состојки: млеко, сирило и сол – а сепак во светот има над 2.000 видови сирење, сите со различни форми, бои и вкусови.

Разновидноста на традиционалните сирења доаѓа од богатите пасишта и предели, суровото млеко, од локалните раси, од вештината на сточарите и производителите на сирење. Позади секое парче сирење се вкоренуваaт приказните на голем број мали семејни фарми, кои можете да ги вкусите со секој залак. Тоа е она што ги прави овие сирења побогати и различни од индустриските сирења кои се обезличени и не го прикажуваат „вистинскиот сјај“ на традицијата, поднебјето, млекото и мајсторијата на производителот.

Но, дали малите семејни фарми кои произведуваат сирења имаат иднина?

Дали сирењата од сурово млеко ќе се достапни на трпезите?

Бидете дел од панел дискусијата „Од безбедност на храна до поттикнување на зелена економија: Предизвикот на денешните мали производители“, која ќе се одржи на 10 декември 2020 година (четврток),  на платформата zoom, со почеток во 18:00 часот и слушнете ги искуствата нанашите мали производители на традиционални сирења.

Учесници:

  • Проф. д-р Соња Србиновска, факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
  • Сашко Арсов, Агенција за храна и ветеринарство
  • Николче Николовски, Слоу Фуд Македонија
  • Давид Неделковски, фарма „Кози, млеко, планина“ с.Раштак, Скопска Црна Гора
  • Никола Смилевски, фарма „Смилевски“, С.Велмевци, Демир Хисар

модератор: Емилија Неделковска, Слоу Фуд Македонија

Целта е да се поддржат локалните производители на храна од мал обем во процесот на регистрација на нивните производни капацитети и истовремено да се разменат добри практики и примери.

Пријавување на учесници: slowfood.macedonia@gmail.com (најдоцна до четврток 10.12 2020, до 16 часот)

Дискусијата е во рамки на проектот „Практична имплементација на легислативите во објектите за традиционално производство“, кој е поддржан од Мрежа за рурален развој на Република Северна Македонија преку проектот NAGE – Вмрежување и застапување за зелена економија, финансиран од Европската унија.