Виртуелна викенд дружба со истомисленици

© Luna S. Ferrari

Бидејќи викендов, нема да можеме да посетиме некое место и да донесеме некоја приказна во „Луѓе, места и храна“, решивме да ве поведеме на виртуелна прошетка на социјалната мрежа Инстаграм и да ве запознаеме со три профили, позади кои стојат дечки со слична мисија со нашата.

Па слободно може да започнете да ги следите, да им се восхитувате, да научите нешто ново или пак да ве инспирираат, па да превземете и вие акција, сега или подоцна, зависно условите.

© The Frenchie Gardener

Францускиот градинар
Дечко на кој веројатно му годи карантинот, бидејќи своето хоби го стационирал на балконот од неговиот стан. Разгледајте ги неговите фотографии, нудат богатство на вкусови и можности за градинарење во само неколку квадрати. Не секогаш немањето на предуслови е пречка во реализацијата на некоја идеја. Ако се има желба и волја, тие може да се создадат.
https://www.instagram.com/thefrenchiegardener/

© Luna S. Ferrari

Половина ориз, половина шпагети
Името на профилот ќе ве заинтригира да го посетите, но нема да останете кратко. Со Луна Ферари сигурно нема да ви биде здодевно. Луна зрачи со енергија и преку дисплејот на вашиот смартфон. Редовно го исполнува времето на нејзините следбеници со многу деликатеси и рецепти започнувајќи со фотографирање од нејзиниот прв леб кој го замесила. Таа е поранешен студент на Универзитетот за гастрономски науки во Поленцо, што би се превело, како професионален гастроном, но и фотограф и патник.
https://www.instagram.com/halfricehalfspaghetti/

© Antiquum Farm

Древната фарма
Последниот профил кoj ќе ви го препорачаме, би го опишале како „земјоделство какво што би посакале“. Ако ви се допаѓаат животни (особено оние кои трчаат околу лозовите насади) и сте страсни за добро, чисто и правично земјоделство, вино и храна, погледнете ги објавите на винаријата Antiquum Farm, кои не само што произведуваат природни вина во Орегон, САД, туку тоа е фарма од соништата.
https://www.instagram.com/antiquumfarmer/

Ви посакуваме исполнет викенд со многу активности. #БидиСлоу