Носталгија за стариот вкус

Традициоаналното семе претставува важен елемент за оние кои сакаат на пазарот да се врати старата сорта. Кога на пазарот има се помалку земјоделци кои продаваат вкусно овошје и зеленчук, тој мал процент на земјоделци, наместо хибриди го бараат назад она автохтоно семе, кое навистина носи поголем приход. Носталгијата за стариот вкус, е причина за формирање на здруженија кои се активираат на полето за спасување на различни семиња. Да се потсетиме дека постои голема конкуренција помеѓу малите производители, фармери и големите компании. Во последните 20 години големите компании го превзедоа производството и производството на семе, при што постојат големи шанси да ги елиминираат малите производители од пазарите. Министерството за земјоделство во овој поглед би требало да ги искористи шансите од страна на европските регулативи и да се посвети повеќе на домашните сорти. Но, ние и понатаму се определуваме за производство на големи површини. Тука, веќе е во прашање менталитетот кај народот!

Наши иницијативи

Партнери