Национален совет:

Националниот совет (НС ) е орган на Националната организација Слоу Фуд Македонија, кој го врши стратешкото планирање и има задача да ги спроведува насоките утврдени од Националниот конгрес. НС врши контрола на спроведувањето и почитувањето на Статутот на Слоу Фуд Македонија, правилниците и деловниците за работа и надзор на финансиското и материјалното работење на органите и телата на Слоу Фуд Македонија и на конвивиумите. (член 14, 15 и 16, Статут на СФМК).

Strashko Milosevski

Страшко Милошевски

Слоу Фуд Осогово

преседавач на Националниот совет

Aктер во пензија, страстен планинар, производител и хедонист, основач на конвивиумот Слоу Фуд Осогово

Antigona Kostadinova

Антигона Костадинова

Слоу Фуд Гевгелија

член

Професор по биологија, граѓански активист во повеќе иницијативи во Гевгелија. Координатор на Президиумот на слатко од диви смокви. Организатор на Смоквијада.

Nako Kimov

Нако Кимов

Слоу Фуд Валандово

член

Професор но лозарство и винарство, граѓански активист. Иницијатор на повеќе едукативни и иновативни проекти  и производител.

Olivera Stefanovska

Оливера Стефановска

Слоу Фуд Богданци

член

Историчар на уметност иницијатор за воспоставување на првите конвивиуми во Југоистиониот дел на Македонија и иницијатор за воспоставувањето на Президиумот на слатко од диви смокви

Ilinka Veselinovik

Илинка Веселиновиќ

Слоу Фуд  Дојран

член

Готвач и угостител во Стар Дојран, рибар и познавач на гастрономските традиции во Дојран и основач на Слоу Фуд Дојран и иницијатор за воспоставувањето на Президиумот на слатко од диви смокви

Igor Popovski

Игор Поповски

Слоу Фуд Битола

член

Фармер и производител  на сирење, граѓански активист во повеќе иницијативи во Битола. Еден од првите учесници во кампањата за зачувување на биодиверзитетот на млеко на Слоу Фуд и производството на традиционални сирења

Todorka Naumoska

Тодорка Наумоска Димески

Слоу Фуд Прилеп

член

Нутриционист и блогер за храна, граѓански активист во Прилеп, основач на „Прилеп на точак“ едукатор на деца за храна

Biljana Mitrevska

Билјана Митревска

Слоу Фуд Млади Македонија

член

Магистер за квалитет на храна, активист за храна, лидер на Слоу Фуд Млади Македонија, иницијатор на повеќе активности и координатор на кампањата „Храна за промени“