Земјоделството еден од водечките фактори во рекордно високите емисии на метан во атмосферата

Methane-Infographic-2020
Глобалниот попис на извори на метан ги открива главните виновници за зголемувањето на загадувањето со метан © www.sciencenews.org

Нивото на метан во атмосферата е повисоко од било кога до сега. Но,поседувањето податоци за емисиите на овој стакленички гас бара да дознаеме од каде метанот се ослободува и зошто.

Денес, глобалниот попис на извори на метан ги открива главните виновници за зголемувањето на загадувањето со метан во 21 век.

Земјоделството, депониите и употребата на фосилните горива се основните причини заради кои земјината  атмосфера апсорбирала 40 милиони тони повеќе метан од човечки активности во 2017, отколку што тоа се случило во 2000та. Распространувањето на земјоделството го зголемило ослободувањето на метан на места како Африка, Јужна Азија и Океанија додека зголемувањето на употребата на фосилни горива придонесло за зголемувањето на количината на метан во Кина и САД се вели во истражувањето.

„Метанот е еден од најважните стакленички гасови, веднаш после јаглеродниот диоксид“ вели Александар Турнер, научник за атмосферата кој ќе се приклучи на Универзитетот во Вашингтон во Сиетл во 2021.

Иако има многу помалку метан, отколку јаглерод диоксид во атмсоферата, метанот може да задржи 30 пати повеќе топлина во текот на еден век, за истата количина на јаглерод диоксид. – „Следењето на изворите на метан е многу важно ако сакаме да разбереме како климата ќе еволуира“ – вели Турнер кој не беше вклучен во новата студија. Исто така, може да се помогне во развивање на приоритетите на стратегијата за намалување на загадувањето, како комсумирањето на помалку месо за да се намалат емисиите од фармите, како и користење на сателити за да се откријат цевките кои испуштаат метан.

Мариела Соунис, научник за атмосферата, која работи во институтот Пиер Симон Лаплас во Париз заедно со нејзините колеги го каталогизираат глобалното загадување со метан во 2017 (последна година со комплетни податоци), употрбувајќи ги атмосферските мерења од кулите и леталата насекаде низ светот. Изотопот, односно типот на јаглерод во примероците со метан содржел траги за изворот, како на пример дали метанот бил испуштен од индустријата за нафта и фосилни горива, микробите што живеат во оризовите полиња, депониите или гасовите од цревата на добитокот. Тимот ги споредил мерењата од 2017 со просечните годишни емисии на метан од 2000 и 2006.

Речиси половина од 12 процентниот пораст е резултат на ширењето на земјоделството и депониите © www.globalcarbonproject.org

Во 2017 човековата активност ослободиле во атмосферата 364 милиони тони на метан споредено со 324 милиони тони за време од цела година во раните 2000ти. Речиси половина од 12 процентниот пораст е резултат на ширењето на земјоделството и депониите, додека другата половина потекнува од фосилните горива.Од друга страна емисиите од природните извори како мочуриштата остануваат релативно стабилни низ мерењата.

Емисиите на метан значително пораснале во Африка, Блискиот Исток и Јужна Азија и Океанија. Во двата региони растот на емисијата на метан се зголемил од 10 на 15 милионии тони. Земјоделските извори како говедски ранчови и оризови полиња биле одговорни за зголемувањето за 10 милиони тони во Јужна Азија и Океанија, како и за наглиот пораст во Африка, проценуваат авторите. Емисиите се зголемиле од 5 на 10 милиони тони во Кина и Северна Америка каде фосилните горива го предводеле загадувањето. Само во САД, фосилните горива го зголемиле ослободувањето на метан за 4 милиони тони.

Се поголем „притисок“

Во 2017 човековите активности oслободиле  40 милиони тони повеќе метан во атмосферата отколку во раните 2000ти. Во меѓувреме природните извори на метан како мочуриштата ги зголемиле своите емисии на метан за само околу 10 милиони тони. Земјоделството и фосилните горива се најголемите предизвикувачи на овие зголемени емисии на метан.


© R.B. Jackson et al/Environmental Research Letters 2020

Еден регион кој не покажал покачување на метан бил Арктикот.  „Тоа е интересно бидејќи Арктикот се загрева побрзо од било каде во светот, и е покриен со пермафорт – горниот слој на мраз кој се очекува да ослободи големи количини на метан во воздухот како што се топи“  вели Тониа Дел Сонтро, биогеохемичар за водените површини на Универзитетот во Џенова.

Новите истражувања би можеле да значат дека Арктикот сѐ уште немa oслободено  многу метан во атмосферата или дека научниците не собрале доволно податоци од овој регион за прецизно да ги измерат трендовите за емисијата на метан.

Новиот буџет за метан може да ги следи емисиите на метан само за време на 2017 година. „Но ништо не сугерира дека во атмосферата се намалени емисиите на метан во последните 2 години“ вели коавторот на студијата Роб Џексон, научник за животната средина на Стендфорд Универзитетот. „Ако нешто се менува тоа е забрзувањето“. Кон крајот на 2019 година концентрацијата на метан во атмосферата достигна концентрација од 1875 делови на милијарда  – што претставува зголемување од околу 1.857 делови на милијарда во 2017 година, според Американската национална агенција за океани и атмосфера.

Подготвила: Билјана Митревска, СФММ

ИЗВОРИ:
Maria Temming – Agriculture and fossil fuels are driving record-high methane emissions

R.B. Jackson et al. Increasing anthropogenic methane emissions arise equally from agricultural and fossil fuel sourcesEnvironmental Research Letters. Published online July 14, 2020. doi: 10.1088/1748-9326/ab9ed2.

Статијата е  дел од кампањата #ХранаЗаПромени, која има за цел да ја крене свесноста кај производителите и консументите за влијанието кое го има производството и консумацијата на храната врз животната средина и климатските промени. Истата е во рамки на проектот „Храна за промени“ кој го реализираат „Слоу Фуд Водно“, Скопје во партнерство со „Слоу Фуд Македонија“, Битола и „Слоу Фуд Млади Македонија“, Скопје
Финансиски поддржано во рамки на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ го имплементираат Еко-свест, CNVP Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија. Содржината на овој документ е одговорност исклучиво на авторот и во ниеден случај не може да се смета дека ги отсликува ставовите на Европската Унија.