Автохтоните сорти на житарки, како бизнис идеја за производство на органски интегрални брашна

Житните растенија имаат најдолга историја во исхраната на човекот, и го следат неговиот цивилизациски развој. Со започнување на одгледување на житата лугето го напуштиле номадскиот начин на живеење. Погодноста за исхрана и можноста за складирање ги направиле житата основни прехранбени намирници. Благодарение на супериорните хранливи материи кои се составен дел на зрната, житарките се застапени во исхраната кај сите народи ширум светот. Освен хранливата вредност житарките го чуваат нашето здравје, помагаат за одржување на добра телесна тежина, го забрзуваат метаболизмот и ја подобруваат работата на цревата, а со тоа го олеснуваат и варењето на храната.
Зрната од житата се користат за исхрана како зелени, зрели или преработени. Можат да се консумираат варени, пржени или печени. Како основна преработка од житарките е брашното, кое понатаму може да се праработува во најразлични прехранбени производи.

Нутриционистите тврдат дека во „прехранбената пирамида“ се нудат задоволителни и лесно применливи упатства за правилна исхрана. Човек да се храни според правилата на пирамидата значи да избере соодветен број оброци и различни прехранбени производи од секоја од петте големи групи, содржани во неа. Со исхраната на овој начин, најдобро се обезбедуваат сите потребни хранливи материи: шеќери, белковини, витамини, минерали и друго.

Според поддржувачите на правилата на прехранбената пирамида, убаво тело и добра здравствена состојба се оддржуваат доколку во исхраната се почитува односот на намирниците вклучени во неа. Во основата на пирамидата се вклучени житарките (скробни зрна) и нивни преработки, кои претставуваат најзначаен енергетски извор за организмот. Житарките се едни од најзначајните намирници за човекот, бидејќи ги содржат сите потребни хранливи материи, во идеална природна рамнотежа и соодветна за човечкиот организам. Поради хемискиот состав и ефектите врз организмот и здравјето, житарките се неизбежни во секојдневната исхрана. Житарките се најдобра храна за почеток на денот.
Заживување на старите воденици, со камен и на вода, како техника на производство, туристичка атракција, Употреба на брашната во автентична туристичка гастрономска понуда.

Текст: Жарко Василевски
Фото кредит © Slow Food Macedonia архива

Поддржано од „Програма за зголемување на пазарот на трудот“, кој го реализира Swisscontact Macedonia, а финансиран од “Swiss Agency for Development and Cooperation“. Ставовите изнесени во статијата не ги изразуваат ставовите на донаторот.