Богатиот биодиверзитет на храна од Балканот на Тера Мадре Салоне дел Густо 2016

Во организација на Слоу Фуд, во регионот Пиедмонт и градот Торино, Италија од 22 до 26 септември 2016 година, ќе се одржи 11-то издание на Тера Мадре Салоне дел Густо, најважниот меѓународен настан кој е посветен на културата на храната. На настанот ќе учествуваат пет илјади делегати од 160 земји, над 800 изложувачи, 300 президиуми на Слоу Фуд и 500 заедници за храна на Тера Мадре.

На Меѓународниот пазар ќе бидат поставени 15 штандови наменети за изложување на заедниците на храна на Тера Мадре и производите на Президиумите од Балканот и од Турција. Активностите во поголем дел од овој регион се овозможени благодарение на проектот ESSEDRA (Еколошки одржлив и социо–економски развој на руралните средини), ко-финансиран од Европската унија со цел, поддршка на процесот на европска интеграција за балканските земји и Европа преку зајакнување на граѓанското општество и на неговиот капацитет за негово влијание врз политиките и промовирање на одржливи модели за рурален развој. Овој проект, исто така, придонесе за воспоставување на петте нови Президиуми на Слоу Фуд што ќе бидат презентирани оваа година:

  • Розов домат од Куртово Конаре, од Бугарија – сорта која што е позната низ цела Бугарија по нејзината блажина и се користи за производство на висококвалитетна Лутеница – зачинета зимница со домати и пиперки.
  • Вареник од Пељешац, од Хрватска, што е едно од најкарактеристичните вина за Јужна Далмација. На полуостровот Пељешац тоа се подготвува исклучиво од автохтоната сорта грозје „Плавац мали“ а неговата боја се движи од крваво црвена до нијанси на темна карамел боја, со силна овошна арома со ноти на мед и марсала.
  • Грозјето Станушина, од Република Македонија, потекнува од црноморското семејство на сорти грозје и се одгледувало на нејзините стрмни падини уште од стари времиња. Од него се прави рубин црвено вино со арома на јагода, малина и суво овошје, како и маџун, производ од гроздов сок што се користи за лекување на проблеми со црниот дроб, а може и како замена за шеќер во домашната кујна; и новиот президиум на Македонската медоносна пчела, основан со цел да се заштити автохтониот вид пчела, Apis mellifera macedonica, која може да се најде на историската територија на Македонија, од источна Албанија до западна Бугарија.
  • Свињата Базна, од Романија, која го добила своето име по истоимената општина во областа Сибиу, каде била ценета заради својата издржливост и квалитетот на месото. Нејзината сланина е со одличен квалитет и е погодно за производство на сувомесни производи кои стасуваат во текот на зимата и се чадат на таваните од традиционалните куќи.

По огромниот успех на 4-то издание на Тера Мадре Балкан, кое што се одржа минатиот јуни во Тирана, Албанија ќе изложи широка палета на производи, вклучувајќи го Президиумот на слатка од регионот Пермет, Маслиновото масло од Елбасан, и производи од регионот Келменд. Голем број албански готвачи, вклучувајќи ги и Алтин Пренга и Сокол Пренга, ќе присуствуваат на настанот со цел да ја претстават Алијансата на готвачи на Слоу Фуд, која што неодамна беше основана во земјата, а воедно да учествуваат во кујната на Алијансата на готвачи.

Мрежата на Слоу Фуд во Бугарија ќе има најголем простор за изложување со три штанда, каде посетителите ќе имаат уникатна можност да се запознаат со богатото производство на храна во Бугарија, вклучувајќи го познатото Зелено сирење од Черни Вит, Каракачанската овца, и Президиумот Меурче, заедно со голем број производи на Арката на вкусови, како што се сол од Атанасовско езеро, Источнобалканската свиња, и неколку месни производи од планината Странџа.

Република Македонија исто така ќе ги изложи Президиумите на Буковска пипер и Слатко од диви смокви.

Изложбениот простор на Турција ќе се фокусира на производите од Пазарите на фармери на Слоу Фуд, Президиумот на Булгур од еднозрнеста пченица, како и изборот на седумте видови тарана од списокот на Арката на вкусови – древен производ од сушена храна на база на ферментирана мешавина од зрнеста храна и јогурт или ферментирано млеко, од која вообичаено се прави густа супа во текот на зимата. Тараната претставува традиција на обработка на храната што се среќава на територија од Иран до Босна. Тоа е типичен домашен производ, со десетици, а можеби и стотици варијанти само во Анадолија, каде што секое домаќинство и секоја заедница го приспособува во зависност од локалната храна која е на располагање, како и во зависност од вкусот: уникатен симбол на разновидноста на храната и на некомерцијализираното производство на храна.

Недостигот од флексибилност во примената на прописите за хигиена на Европската унија на Балканот и во Турција веќе подолго време се согледува како главен политички предизвик во регионот и од истата причина некои Президиуми на млечни и месни нус производи од земји кои не се дел од ЕУ нема да бидат изложени, ниту да се продаваат на меѓународните пазари, вклучувајќи го сирењето Мишавин од Албанија, сирењето Богатепе Гравиер (Вoğatepe Gravyer) од Турција, и Сирењето во мешина (животинска кожа) од Босна и Херцеговина.

На конференцијата посветена на Зачувување на биодиверзитетот на Балканот ќе се изврши евалуација на четирите години од проектот ЕSSEDRA, благодарение на кој беа идентификувани над 300 производи на Арката на вкусови низ целиот регион, и беше изработена програма за застапување и поддршка чија цел е на помалите фармери да им обезбеди пристап до пазарите за пласирање на нивните традиционални производи; како и идентификување на предизвиците што претстојат.

Сите најнови информации за Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 се достапни онлајн на: www.salonedelgusto.com, а акредитација за медиумите може да се побара на следна ва врска (http://www.salonedelgusto.com/en/info-accreditation/).

За повеќе информации, Ве молиме контактирајте со:

Slow Food, +39 329 83 212 85, internationalpress@slowfood.it – Twitter: @SlowFoodPress

Region of Piedmont, +39 011 432 2549, donatella.actis@regione.piemonte.it

City of Turin, +39 011 442 3606, raffaela.gentile@comune.torino.it

Настанот Тера Мадре Салоне дел Густо е овозможен со помош на неколку организации, меѓу кои Официјалниот партнер: Lurisia, Pastificio Martino, Radeberger Gruppe Italy, Lavazza, Sapori, Iren, Intesa San Paolo, Elpe; поддржувачите на фондацијата Тера Мадре и на Слоу Фуд: Compagnia di San Paolo, Fondazione CRT и Association of Banking Foundations of Piedmont, Coldiretti. Со поддршка од IFAD, Европската унија и CIA.

Слоу Фуд е глобална организација која има визија за свет во кој сите луѓе имаат пристап и уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние што ја одгледуваат и добра за планетата. Слоу Фуд вклучува повеќе од еден милион активисти, готвачи, експерти, млади, земјоделци, рибари и научници од над 160 земји. Меѓу нив, мрежа од околу 100.000 членови се поврзани во 1.500 локални ограноци низ светот, кои даваат свој придонес преку членарината што ја плаќаат, како и преку настаните и кампањите што ги организираат. Како дел од мрежата, повеќе од 2.400 заедници за храна на Тера Мадре практикуваат мало и одржливо производство на квалитетна храна низ целиот свет.