Ботаника на желбата: Поглед на светот низ призмата на растението

Книга, препорака од Слоу Фуд: „Ботаника на желбата“ – Мајкл Полан

Четирите растенија чиишто приказни ги обработува оваа книга се оние што ги нарекуваме припитомени. Ние, луѓето, автоматски помислуваме дека припитомувањето е нешто што им го правиме на другите видови, а, всушност, факт е дека тие се оние што ни наметнале една умна стратегија за нивно напредување и остварување на нивните интереси. Растенијата се алхемичари на природата, експерти за трансформирање на водата, почвата и на светлината во многу скапоцени супстанции. Додека ние се справувавме со свеста и учевме да се движиме на две нозе, растенијата ја создадоа фотосинтезата и ја усовршија органската хемија.

Четирите човечки желби што се обработени во оваа книга се желбите за благо, убавина, труење и за контрола. За овие четири желби учиме преку јаболкото, лалето, канабисот (марихуаната) и компирот. Врската меѓу тие желби и овие растенија е дадена во вид на една поинаква приказна за човекот и за природата. Да се гледаат овие растенија во една заедничка и интимна врска со нас значи да се гледаме поразлично и ние самите.

Авторот Мајкл Полан предава пишување на Факултетот за новинарство при Универзитетот „Беркли“ од Калифорнија. Воедно пишува статии за угледниот магазин „Њујорк тајмс“ и добитник е на многубројни награди и признанија за својата новинарска и писателска работа. Полан во своите дела е инспириран од филозофијата и работата на Слоу Фуд, но и самиот долги години дава придонес во организацијата. Читајќи ги неговите дела, како „Во одбрана на храната“ или „Дилемата на сештојадите“ може да бидете уверени дека ќе почнете да размислувате на начин на којшто никогаш претходно не сте размислувале.

Ако сакате да ги менувате нештата, ако имате авантуристички дух и сте подготвени за нови предизвици, имате пред вас една навистина добра алатка за остварување на сето тоа.

  • Книгата е достапна на Македонски јазик, во издание на АРС Ламина.