Гранд при за „темјаниката“ на Сашко Андов од винаријата „Ерос“

На традиционалниот натпревар на најдобри млади вина, кој се одржа во Кавадарци, виното “темјаника” на младиот енолог Сашко Андов од винаријата „Ерос“, освои гран при за најдобро младо бело вино Натпреварот го организираше Здружението на винари на Македонија. Kaко награда виното на Андов ќе има можност да се дегустира на саем во Штутгарт.

 Игно Тасев, претседател на Здружението, информираше дека од година на година расте интересот за традиционалниот избор на најдобри млади вина. Тој додаде дека на натпреварот не се пријавуваат само индивидуални производители на вино од Тиквешијата како најголем винарски регион во Македонија, туку од целата држава.

– Во делот на квалитетот на вината кај производителите кои  веќе трета година по ред учествуваат на манифестацијата, морам да нагласам дека  се забележува напредок и секоја година вината се  подобри и подобри. Наместо аматери, некои од нив веќе можеме да ги именуваме и како полупрофесионалци, па можат да размислуват и за регистрирање на мини винарии, рече Тасев.

 Винаријата „Ерос“ од оваа година е дел од президиумот на Слоу Фуд на грозјето „станушина“ и за првпат оваа винарија произведе розе вино од сортата  „станушина“ и гроздов сок, кои според првичните оценки ќе бидат со одличен квалитет. Останува, да се финализираат производите и да се појават на пазарот.

 Фото кредит © Slow Food Macedonia