Ден на домородните народи во светот

Денешниов ден, 9 август, се одбележува како  меѓународен  ден на домородното население. Одбележувањето на овој ден за прв пат е прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во декември 1994 година, да се слави секоја година во текот на првата Меѓународна Декада на староседелците од светот (1995 – 2004), а потоа традицијата е продолжена. Темата на Меѓународниот ден за 2015 година е: „Обезбедување на здравје и благосостојба за домородните народи“.

Слоу Фуд и Домородната Тера Мадре Мрежа се поврзуваат во различни мрежи, заедници и организации низ целиот свет за добивање на значајни  локални  знаења, како и запознавање со други ралични заедници низ целиот свет.

Првиот Слоу Фуд настан посветен на Домородните народи се одржа во Шведска во 2011. На настанот се собраа претставници од домородните заедници од целиот свет да разговараат како да го пренесат своето знаење и визија за прозиводството на храна во модерното време.

Оваа година Слоу Фуд Индија заедно со NESFAS на вториот глобален настан на Домородната Тера Мадре 2015 ќе се одржи во Шилонг, Индија.

На настанот ќе учествуваат претставници од  локални заедници од целиот свет да ги споделат знаења за производство на храна  без хемикалии, органска храна и добари, чисти и правични практики во однос на агро-биодиверзитетот засновани  на мудорста на домородното население ширум светот.

•Повеќе за Меѓународниот ден на домородните народи: www.un.org/en/events/indigenousday
•Повеќе за конференцијата Домородна Тера Мадре 2015: http://indigenousterramadre.org