ДНЕВНИК: И МАЖИТЕ ПРАВАТ СЛАТКО ЗА МЕРАК

Прес прегледДНЕВНИК: И МАЖИТЕ ПРАВАТ СЛАТКО ЗА МЕРАК

Сподели

ФЕСТИВАЛ НА ДИВИТЕ СМОКВИ ВО БОГДАНЦИ

Правењето слатко не е само женска работа. И мажите може да направат вкусно слатко. Впрочем, работите воопшто не треба да се делат на машки и на женски. Секој треба да го прави тоа за што го бидува, без разлика за каква работа станува збор. Еве јас, на пример, сум маж, но обожавам да правам слатко бидејќи живеам во регион во кој се негува традицијата на правење слатко. Kај нас с` уште се тера обичајот гостинот во куќата да се послужи со домашно вкусно приготвено слатко во кое е вложено труд. Уште од дете тајните за мајсторски направено слатко кришум ги крадев од мајка ми за подоцна и самиот да се обидам наученото да го спроведам во практика, а откако се оженив со мојата сопруга и двајцата редовно придонесуваме за приготвување разни видови слатка кои се карактеристика на нашиот дом, па и на слаткото од диви смокви.

Вака ни раскажуваше 50-годишниот Kиро Аргиров од селото Николиќ, општина Дојран, кој беше на Фестивалот на дивите смокви, кој се одржуваше во Богданци. Тој беше еден од ретките мажи кои се интересираат за правење слатко.

Фестивалот на дивите смокви го организира завчера интернационалната организација „Слоу фуд“ која е разгранета во целиот свет, со поддршка на регионалната организација „Еко розалес“, во чиј состав се вклучени општините Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Примарна цел е заштита на биодиверзитетот, заштита на локалните традиционални еко производи на кои им се заканува исчезнување. Целта е како што беше кажано, да се покажат вештините и умешностите, да се промовираат квалитетот и брендот.

Слаткото од диви смокви стана прв президиум од Република Македонија. Од 2010 година, па наваму ова слатко се промовира низ маркетите и саемите за здрава храна во Италија, Франција, Швајцарија, Бугарија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Романија.

– Има нешто во Македонија, во ова свето парче земја за кое може да зборуваме до недоглед и за кое може да воздивнуваме со радост и опиеност. Природата и прекрасните сончеви зраци ни даруваат богатства што го мамат секој вљубеник во природата да подзастане и да се насладува од срдечното добредојде на богданчани. Секој љубопитен намерник, без оглед на времето, го вкусил и го препознал неодоливото што го поседуваме. Со искрено гостопримство и со чаша вода секогаш на трпезата се служело слаткото од диви смокви. Ние можеби не сме единствени, но сме препознатливи. Ние умееме да го земеме најдоброто од природата. Со усет да го спакуваме во производ и да го пренесуваме на идните генерации, тоа е слаткото од диви смокви – ечеше од микрофоните во центарот на Богданци каде што во присуство на голем број гости беше изведена и богата културно уметничка програма. Kако што рекоа љубезните домаќини што овозможија приготвеното слатко и да се дегустира, радоста беше неизмерна, а гордоста очигледна.

ВИНО, ДОМАШЕН МАРМАЛАД, ПРОИЗВОДИ ОД ВОЛНА-ФИЛЦ

Во центарот на Богданци во рамките на фестивалот организациите на „Слоу фуд“ од разни краишта на државата на посебни штандови се претставија со домашно приготвени производи што привлекоа внимание. Освен слаткото од диви смокви, тука може да се видат вино и ракија, маџун, мед од Тиквешко, но и домашно производство на здрава храна од шипки, капинки, глог, дренки и друго, рачна изработка на производи од волна-филц. Дел од гостите потоа заминаа на „Слоу фиш“ во Дојран, каде што дегустираа дојрански крап.

НАЈТЕШКО СЕ ПРАВИ СЛАТКО ОД ДИВИ СМОКВИ

Сопругата на Kиро, Слаѓана, како и Владанка Олумчева и Марија Петкова, двете богданчанки, беа задолжени за правењето на слаткото среде Богданци. Ни кажаа дека приготвувањето на ова слатко е најдолго и најтешко од сите други видови слатка бидејќи смоквите претходно мора да се варат во девет води. Тоа трае со часови. Но затоа, пак, и задоволството при неговото консумирање е исто така долго.

Светлана Дарудова
Извор: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=170E016132A622448C36A920B4E4F85E

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...