Европското срце чука за здрави навики

“Европското срце чука за здрави навики” – наслов под кој, овој месец ќе се одржи семинар на кој домаќин ќе биде Македонија. Од 02 до 09 Октомври 2014 година во Кратово, од 15 партнерски организации кои припаѓаат на Европската Унија и Југоисточна Европа, ќе се соберат и зближат: 31 младински лидери, активисти и волонтери.

Овој семинар ќе се трае седум дена и на кој фокусот ќе биде свртен на здравиот стил на живеење во Европа и влијанието на овој начин на живот врз младите луѓе како и однесувањето во нашата заедница.
Животот минат седејќи, навиките, нездравата исхрана и болестите се едни од најистакнатите проблеми на денешницата, особено во оние земји кои се надвор од законодавството и регулативите на ЕУ, но не се отсутни и во земјите членки.

Целите на семинарот се: да обезбеди простор и време за младинските организации, кои работат на теми поврзани со здравите животни навики помеѓу младите, да ја презентираат нивната работа, да се разменуваат примери за добри практики, да се фокусираат на дебати за здравјето од различни, да се проучат различните техники како сретство за промоција на позитивните страни на здрвиот начин на живот, да се потикне понатамошната соработка и вклучување на младите во процесот на креирање на подобар пристап кон младите, кој се рефлектира на прашањата за здравствените политики и еднаквиот пристап кон програмите во Европската Унија и земјите во југоисточна Европа.

Семинарот се насочува кон подобрување на квалитетот на системите за поддршка на активности во насока на зајакнување на младите и младинските организации за прашања во врска со здравјето и здравиот начин на живот.
Овој семинар исто така ќе се фокусира и на шансите и можностите за дијалог, можностите за идна транснационална соработка и заеднички активности помеѓу организациите учесници на семинарот.
Со користењето на неформални едукативни методи, учесниците ќе бидат вклучени во активности за градење на тимови, панел дискусии, тркалезни маси и поеднични или групни вежби и анализи.

Младинскиот семинар се одржува во организација на Слоу Фуд Млади Македонија со подршка на програмата „Млади во акција“ на Европската Унија.

Местото за настанот не случајно е одбрано да биде Кратово, град во кој Слоу Фуд филозофијата на живеење е присутна и денес, неговите жители ја негуваат со традиција во секојдневното живеење.