Е.МАГАЗИН: Во Богданци се одржа Фестивал на дивите смокви

Фестивалот на дивите смокви го организираше интернационалната организација „Слоу фуд“ која е разгранета во целиот свет, со поддршка на регионалната организација „Еко розалес“, во чиј состав се вклучени општините Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Примарна цел е заштита на биодиверзитетот, заштита на локалните традиционални еко производи на кои им се заканува исчезнување.

Слаткото од диви смокви стана прв президиум од Република Македонија.

Од 2010 година, па наваму ова слатко се промовира низ маркетите и саемите за здрава храна во Италија, Франција, Швајцарија, Бугарија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Романија.

Извор:http://emagazin.mk