Истанбул, 22. септември 2014 (ИНПРЕС) – Во периодот од 19-20 ноември во Истанбул, Турската канцеларија на ТАКСО во соработка со Македонската канцеларија на ТАКСО и со поддршка од проектот ESSEDRA организира конференција “Трансформација на локалното производство на храна во пристапниот процес кон ЕУ: можности и предизвици”.
Конференцијата има за цел да ја подигне свеста за политиката на ЕУ и националните процеси и реформи во локалното и традиционалното производство на храна во контекст на прашања поврзани со животната средина и био-разновидноста и да се прошири дискусијата на поголем круг на ГО како и да се овозможи вмрежување и градење партнерства меѓу организациите.
Учесници на конференцијата ќе бидат граѓански организации (ГО) и мрежи на ГО кои што работат на прашања поврзани со производство на храна, безбедност на храната и био-разновидност, заштита на животната средина, како и релевантни владини чинители и експерти од институциите на ЕУ и ГО.
Заинтересираните кандидати претставници на ГО од земјата можат да се пријават за учество до Македонска канцеларија најдоцна до 3-ти октомври 2014. (Крај)
Извор: http://inpressmk.com
