КАВАДАРЕЧКИ ВЕСНИК: ЌЕ СЕ ЗАШТИТАТ ГРОЗЈЕТО И ВИНОТО „СТАНУШИНА“

Во Кавадарци 13 локални ор-ганизации на „Слоу фуд“ од Македонија одржаа годишна средба. На неа се зборуваше за постигнатото во из- минататата година и беа најавени насоки за работа во наредниот период, а се одржаа и неколку стручни пре- давања. „Пред нас е прилично актив- на година. Во Тиквешкиот регион се поставува президумот на „стануши- ната„ со што ке се заштити оваа сор- та. Се формира асоцијација на про- изводители на грозје и вино од ова сорта грозје, кои ке се презентираат на национално и меѓународно ниво. На национално ниво ке се воспоста- ви мрежа на Тера Мадре Македонија, а настанот ке се одржи во месец мај во Битола, каде ке учествуваат 200 делегати од сите конвивиуми и пре- зидиуми на производители, органи- зации кои имаат слични ставови со нас заедно со експертите од Унивезитретите и претставници на влади- ните институции“, рече Николче Николовски, национален координатор.

 Целта е како што нагласи, да се донесат заклучоци во прилог на уна- предување на состојбата на малите производители на храна и одржли- вото производство на храна. „Исто- времено се работи и на промовирање на гастрономската култура она што го имаме како традиција“, додаде Николовски. Професорот Слободан Чокрев- ски од Факултетот за ветеринарна медицина, кој е еден од основачите на Слоу фуд Македонија во 2005 година, на средбата говореше за тренинг Центарот за вино сместен во ви- наријата „Камник“ во Скопје. „Курсот за вински советник и соодветниот сертификат кој се стекнува овде влезе во националната класификација на занимања. За време од 2 месеца се стекнува знаење од садење лоза до служење на вино. Годишно по една генерација вински советници излегуваат од овој тренинг центар. Втората работа е што сакаме да ја направиме е да го заштитиме комињакот или кај нас (во Тиквешијата) таканарече- ниот комињарник во буре, што е моја идеја. Се работи за семејна традиција на правење вино, при што сакаме да ја заштитиме рецептурата на начинот на правење, што ке влезе во светската Арка на вкусови и традиционални специјалитети“ нагласи Чокревски.