Кога папата му телефонираше на Петрини

ИТАЛИЈА-Во саботата, на 28 септември, животот ми донесе изненадување кое никогаш не можев да си го замислам. Околу 19 часот видов дека сум имал телефонски повик од непознат број. Јас одговорив , љубопитен, а од другата страна на линијата слушнав познат глас велејќи: “Овде папата Френсис. Ја добив Вашата книга и писмо и сакав да ви се заблагодарам.” Јас бев изненаден и воодушевен од разговорот кој следеше, со некој кој ме чувствувал како пријател, благодарение на нашата заедничка врска со Пиемонт и неговата љубов и почит кон хуманоста на нашиот проект Тера Мадре, мрежата на земјоделци, ловци, номади и занаетчиски производители на храна кои се состануваат на секои две години во Торино.

На 7 септември, ден кој Папата го именуваше за Ден на молитва за мир, решив да му ја испратам мојата книга – „Тера Мадре“ , мојот напис за емиграцијата од Пиедмонт објавена во „Ла Република“ кога папата ја посети Лампедуса и писмо. Тоа е поводот што доведе до нашиот телефонски разговор. Во разговорот, Папата ме потсети на ” малата” приказна за неговото семејство : “Моите родители се преселиле во Торино од селата околу Асти , отвориле едно мало кафуле во зграда на аголот на улицата „Виа Гарибалди”, рече тој. Потоа емигрирале во Аргентина. “Татко ми требало да отплови со бродот „Мафалда“, но заради некои проблеми, тој морал да го одложи неговото заминување за една година.” Знак на судбината? Бродот „Мафалда“ пловејќи кон Буенос Аирес , потонал во близина на брегот на Бразил на 25 октомври, 1927 година. Стотици мигранти се удавиле во океанските бранови.

Истотака зборувавме за земјоделство во светот. Папата Френсис сакаше да потенцира колку добрите практики во руралните заедници, се судбоносни за светот. На оваа тема особено, Папата имаше силни зборови: “Работата на овие луѓе е извонредна”, рече тој. “Акумулирањето на пари не мора да биде примарна цел. Баба ми ми велеше дека кога ќе умре, на твојата покривка нема да има џебови за пари”.

Во последниве години, се изнаслушавме говори за работата на малите фармери како доблесни, но ирелевантни за економијата. Од друга страна, многу меѓународни личности изразуваат солидарност за помирен свет и застануваат во одбрана на заедничките добра на Планетата. Тоа е извонредно, колку е близок овој втор начин на размислување до тој на највисоките власти на католицизмот. Во писмото, јас го отворив моето срце на Папата, кажувајќи му за моето детство и адолесценција во рамките на христијанската вера, која ми ја пренесуваше баба ми. Таа беше католик, но во исто време, таа го делеше слободарскиот и социјалистички дух на дедо ми. Таа ги надмина годините на папската осуда на комунистите со достоинство, останувајќи верна на Христа и нејзиниот покоен сопруг.

Уште како млад, jас бев агностик, но отсуството на религиозност не ме спречи да разменувам искуства и да водиме заеднички битки со религиозните мажи и жени. Јас немам капацитет или знаење, за да отворам суштински и научен дијалог за прашањето на верата, но знам дека ако човештвото сака да избега од пустината на идеи што го опкружува, луѓе кои знаат како да комуницираат како папата Френсис ќе бидат од голема важност. Дури и начинот што го користи, на телефон, без посредување е знак на отвореноста и директноста со соговорниците за разновидните теми и мотиви. Имав впечаток дека зборувам со еден пријател. И така заврши нашиот телефонски разговор, со желби за добро здравје и меѓусебна прегратка. Светот во кој некој братски може да го прегрне Папата е навистина прекрасен свет.

Карло Петрини, претседател на Слоу Фуд,
Адаптирано од статијата објавена во „Ла Република“, 03.10 2013
Фото: „Гардијан“