ЛИЦЕ во ЛИЦЕ: Слаткото од диви смокви од Гевгелија – редовно на Саем во Торино

Прес прегледЛИЦЕ во ЛИЦЕ: Слаткото од диви смокви од Гевгелија - редовно на...

Сподели

Слатка, успешна „шеќерна“ приказна донесоа и гостите од Здружението на граѓани „Еко Росале“ од Богданци. Ани Костадинова пред присутните ги пренесе искуствата за производството на слаткото од смокви од Гевгелија, кое е редовен производ на Саемот за храна во Торино. Во квалитетниот, неповторлив вкус, се уверивме и лично.
Традиционалното слатко се произведува во домовите за домашна употреба и не се продава на пазарот, освен во мали количини, од човек на човек. Строгите регулативи во Македонија за производство на храна, како и недостигот од соодветно законодавство за традиционално производство, овие жени, велат, го одложуваат и спречуваат добивањето сертификати за продажба на пазарот.
Ова македонско здружение е член на меѓународната организација „Слоу фуд“, која вклучува повеќе од 100.000 членови од 150 земји на сите пет континенти.
Президиумите на „Слоу фуд“ се локални проекти со цел заштита на малите локални производители и зачувување на квалитетните традиционални производи.
Накусо, оваа организација промовира едукација за вкусови и се бори за зачувување на биодиверзитетот во земјоделството.

(Текстот е објавен во 13.број на „Лице в лице“)

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...