МЖСПП: Климатските промени и системот на храна

Прес прегледМЖСПП: Климатските промени и системот на храна

Сподели

Во рамките на пропратните настани кои се организираат низ целиот свет по повод одржувањето на Конференцијата на ОН за одржлив развој – Рио +20, во Скопје, во Домот на АРМ, во организација на “Слоу Фуд” – Движење за здрава храна во Македонија, се одржа форум на кој секретарот на ДОМ во функција на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски зборуваше за климатските промени и одржливиот развој.
Во рамките на пропратните настани кои се организираат низ целиот свет по повод одржувањето на Конференцијата на ОН за одржлив развој – Рио +20, во Скопје, во Домот на АРМ, во организација на “Слоу Фуд” – Движење за здрава храна во Македонија, се одржа форум на кој секретарот на ДОМ во функција на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски зборуваше за климатските промени и одржливиот развој.

Во таа прилика Темелковски рече:
„Република Македонија, како земја кандидат за полноправно членство во ЕУ, своите политики во климатските промени ги базира и усогласува со генералните политики на ниво на Европската Унија.
Како држава потписничка на Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени, а која не влeгува во групата од Анексот I држави, и која во апсолутен смисол не е голем емитер на стакленички гасови, го почитува принципот на Конвенцијата за заеднички, но поделени одговорности во стабилизирањето на атмосферските концентрации на стакленичките гасови.

Ваквата определба на РМ се изразува на повеќе нивои: стратешко, легислативно, институционално, техничко и се разбира преку соработка на билатерално, регионално и глобално ниво.
Прашањето на климатските промени е адресирано во Националната стратегија за одржлив развој на државата, како прашање кое има влијание врз многу сектори (енергетиката, земјоделието, водните ресурси, здравјето на луѓето, биодиверзитетот, еко-системите, агроекологијата итн..)„

„Националната Стратегија за одржлив развој на Република Македонија, го дефинира одржливиот развој како целно ориентиран, долгорочен сеопфатен и синергетски процес, кој има влијание на сите аспекти на животот и на сите нивоа. Таа е конципирана на модел, кој на квалитетен начин ги задоволува општествено-економските потреби и интереси на граѓаните, а истовремено ги елиминира или значајно ги намалува негативните влијанија и закани врз животниот делокруг, природните ресурси и животната средина воопшто. Долгорочниот концепт подразбира перманентен економски раст, онаков кој освен економска ефикасност и технолошки напредок, засилено практикување чисти технологии и иновативност, општествено одговорна активност на сите субјекти во заедницата, обезбедува временски далекусежно оптимално ползување на ресурсите, унапредување на здравствените услови, подигање на нивото на квалитетот на животот, намалување и спречување на сегашното и идно загадување и зачувување на биолошката разновидност. Една од најважните цели на одржливиот развој е отворање на нови работни места, намалување на стапката на невработеност и намалување на сиромаштијата. При тоа силната политичка волја, посветеноста на Владата, поддршката на јавноста и сите останати чинители, претставуваат најнепосредни фактори за постигнување успех и вистинска ориентација кон реализирање на зацртаните цели.

Во Националната Стратегија за одржлив развој Владата го презентира она што ќе го направи РМ за да обезбеди врамнотежен развој на општеството во сите домени. Таа во исто време претставува одговор на предизвиците презентирани на:
– Конференцијата во Рио во 1992 год. и
– “Планот за имплементација од Јоханесбург” 2002 год,
– Одлуката на Советот за принципите, приоритетите и условите, содржани во Европското Партнерство со РМ од 2004 год. и
– Стратегијата на РМ за интеграција во ЕУ.

Воедно, таа е развиена и во согласност со нашиот Устав, во членовите што се однесуваат на фундаменталните принципи на кои се заснова одржливиот развој.
Министерството за животна средина и просторно планирање презема низа активности за воспоставување и промовирање на одржливиот развој во целина. Согласно таквата преокупација, му беше доделен мандатот од Владата на РМ да ги координира активностите во врска со имплементацијата на целите и препораките од Агендата 21 и развивањето на Национален Извештај за Проценка на Одржливиот Развој, како и координација на активностите за изработка и донесување на Национална стратегија за одржлив развој на РМ.

Со имплементација на мерките за одржлив развој нема да демонстрираме само силна и целосна посветеност кон Стратегијата за Одржлив Развој на Европската Унија, туку со тоа се приклучуваме кон светските текови и современи трендови на одржлив развој, истовремено промовирајќи ја визијата на националниот развој која овозможува широко поддржана рамка за генерирање стратешки и инвестициони програми што импликативно ќе го подобрат квалитетот на животот на сите македонски граѓани и на нивните поколенија„.
На Форумот се зборуваше за Климата, Биoдиверзитет и животната средина, Системот на храна и за тоа што се подразбира (според филозофијата на Слоу Фуд) под одржлива храна.

www.mzspp.gov.mk

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...