МЛЕКО 2022: Бидете изложувач со Вашите сирења

Понудете ги на фестивалот „МЛЕКО 2022“ Вашите сирења и други млечни производи.

Потрошувачите треба да знаат како треба да изгледа вистинско сирење со препознатлив вкус и достапно за секого. Доколку сте производител со мал обем на производство, се држите до традицијата или сте едно од последните жарчиња кои тлеат во оддалечените македонски села, топло ве покануваме да ни се придружите.

Четвртото издание на „МЛЕКО 2022“ го трансформираме во голем фестивал, со бројни содржини и интересна понуда.  На 3 септември 2022, во паркот околу саат кулата во Прилеп, градот со богата традиција на производство и продажба на сирење е домаќин на овој фестивал.

Добредојдени се сите сточари, млекари, мандраџии, каде секој ќе може:

• да изложи, презентира и продава свои сирења

• да се вклучи во организираните дебати и дискусии

• да се дружи и да ужива во фестивалот

Пополнете ја вашата Пријава за учество на следниот линк.

За повеќе детали за фестивалот и можностите за учество погледнете во презентацијата.

Добредојдовте на МЛЕКО 2022!

Следете ги објавите и повеќе за програмата на фестивалот на Facebook настанот.

https://www.facebook.com/events/581250573547363

#МЛЕКО2022 #Биодиверзитет #Традиција #БИЕНО #SlowFood