Намалување на фрлената храна за заштита на животната средина

На светскиот ден на животната средина, со самото наше седнување на маса важно е да се размисли за едно: една третина од глобалното производство на храна – 300 милиони тони се фрла. Ова фрлање на храна, глобалната економија ја чини неверојатни еден трилион долари годишно.

Дали сте знаеле дека на секои 15 секунди умира по едно дете од прегладнетост?
Последните анализи на 06 Јуни 2013 година покажаа дека бројот на секунди се намали. На секои десет губиме по еден живот. Храната која ја фрламе е сеуште погодна за консумирање, и со нејзино рационално користење ДЕНЕС можат да се прехранат 800 милиони луѓе во светот.
Ова е само врв на ледениот брег на отпадот и служи како замена за “еколошко стапало” на целата наша глобална економија. Системот за храна е виновен за уништување на 80% на шумите и е најголема причина за губење на видови и уништување на биодиверзитетот. Исто така одговорна е и за 70% губење на свежа вода за пиење.

За производство на говетско месо, една плескавица за ваш оброк потребни се 2400 литри вода.
Дали сакате компирчиња со тоа?
Уште со 100 литри вода + неразградливото паковање = Bon appetite !

Тука е и суровата вистина!
Додека некои сонуваат за колонизирање на други планети, ние не можеме да го избегнеме заклучокот дека на оваа земја“бизнисот како и обично” неможе да го одржи нашиот животен тек во 21век, а уште помалку да извади милијарда луѓе од сиромаштија, и да обезбеди дополнителни 1-3 милијарди за луѓе од средната класа.

Зелена економија како решение
Зелената економија може да ја подобри човечката благосостојба и да доведе до значително намалување на ризиците по животната средина, трошоците и еколошките недостатоци. Македонија претставува крстосница на цивилизациите. Земја во која културире, традициите, но и природните реткости се распрскани низ секое најскриено катче, а сето тоа претставува можност за развој на туризмот. Отварање на нови или веќе постоечки објекти за туристичка дејност каде ќе можат да се вкусат локални специјалитети. Странците тоа го сакаат, некој сето тоа треба да го обезбеди да им зготви, да им биде водич, да им постели , а сето тоа чини.Ете го развојот на зелената економија.Зелената економија не е фикција, таа е реална. Нуди поздрава животна средина, подобар квалитет на живот. Зелената економија е фокусирана на неколку стопански гранки: енергетика (посебно обновливи извори на енергија и развој на smart енергетска мрежа), земјоделство (производство на органска храна) и заштита на почвата, заштита и управување со водите и водните ресурси; шумарство; транспорт; градежништво и туризам.
Поимот зелена економија во Македонија е непознат и за голем дел уште не е разбирлив.
Добрата вест е дека ова се случува во некои делови од глобалната економија иако не е многу брзо.
Во денешно време несовесниот човек стана најголемиот непријател на неговиот дом, на неговата планета. За жал забораваме што се ни дава природата и живееме со размислување дека се што ни дава е бесплатно и вечно. Резултатите се видливи: озонски дупки, глобално затоплување, измумирање на животински и растителни видови.

Како да се заштитиме самите себеси и идните генерации ???
Слоу Фуд во Македонија со сите сили напорно работи на ова прашање.
Органско производство, заштита на прекумерниот риболов особено во Охридското езеро, изградба на училишни градини за најмладите, подршка на малите производства, забрана за користење на пестици и штетни хемикалии, организирање на настани – диско супа, каде се готви со остатоци од храна. Сите овие актуелни проблеми и теми се доближани до граѓаните преку повеќе кампањи кои што Слоу Фуд во Македонија активно ги води. Биодиверзитет на млеко, Слоу Фиш, Училишни градини , се дел на кои Слоу Фуд работи.
Да ја зачуваме животната средина, да ја зачуваме планетата! Една е, наша е!