НЕТПРЕС: Производители од Македонија учествуваа на конференција во Хрватска

Прес прегледНЕТПРЕС: Производители од Македонија учествуваа на конференција во Хрватска

Сподели

Во текот на овој викенд, од 19 до 22 јуни претставници на македонски производители на традиционални прехранбени производи се претставија на третото издание на „Тера Мадре“ кој се одржа во Дубровник, Хрватска. Заедниците на храна од цела Југоисточна Европа се собраа во Хрватска за да ја прослават традицијата на својата храна и да повикаат на акција за заштита на нивните реткости. На овој настан учествуваа повеќе од 250 делегати од 11 земји, вклучувајќи и земјоделци, сточари, производители, академици, студенти, готвачи и консументи. Настанот беше отворен од страна на хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаховина.

Во текот на овој викенд, од 19 до 22 јуни претставници на македонски производители на традиционални прехранбени производи се претставија на третото издание на „Тера Мадре“ кој се одржа во Дубровник, Хрватска. Заедниците на храна од цела Југоисточна Европа се собраа во Хрватска за да ја прослават традицијата на својата храна и да повикаат на акција за заштита на нивните реткости. На овој настан учествуваа повеќе од 250 делегати од 11 земји, вклучувајќи и земјоделци, сточари, производители, академици, студенти, готвачи и консументи. Настанот беше отворен од страна на хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаховина.

Конференциите кои се одржаа во склоп на овој настан, опфатија дискусии околу повеќе теми како улогата што ЕУ треба да ја игра за да ги подржи малите фармери во регионот, повикот за примена на одржливи риболовни практики во Јадранското Море, традиционалните производи и ознаките за географско потекло, Арката на вкусови и Президиумите на Слоу Фуд и погледот вперен кон улогата на младите во земјоделството и производството на храна на Балканот.

Серија од презентации и дебати за заштита на традиционалните производи од исчезнување и помагање на локалните заедници на храна беа целта на овие конференции. На конференциите учество зеде и претседателот на Слоу Фуд – Карло Петрини, кој испрати апел за отпочнување со нов модел заснован на богатството на биодиверзитетот до присутните.

Македонија учествуваше со 35 делегати, кои активно учествуваа на конференцијата за “Поддршка на малите производители на Балканот” на која го презентираа ставот на ЕССЕДРА во однос на флексибилните решенија од ЕУ регулативата за хигиенскиот пакет, беа презентирани и резулатите од првите четири години од работата на првиот македонски президиум, слатко од диви смокви. На средбата за “Одржлив рурален туризам и заедниците за храна на Балканот” на која претставникот на угостителско – сместувачки објект од Битола го сподели искуството како до успешен агротуризам. Исто така членовите кои работат едукативни проекти во училиштата во Македонија беа дел од “Тркалезната маса-Мрежата на проекти за едукација за храна и вкус во училиштата на Балканот”

Во текот на настанот во паркот Градац на 32 штанда се претставија производителите од делегациите со своите производи, меѓу кои повеќе производи кои се вклучени во Арката на Вкусови како резултат на работата на ЕССЕДРА проектот, финансиран од ЕУ, како и повеќе Слоу Фуд Президиуми од Балканот. Македонските производители се претставија со повеќе производи од Тиквешкиот регион, вино од станушина, гроздов сок, маџун, потоа президиумите на слаткото од диви смокви и буковската пипер.

Од 2010 година, Тера Мадре Балкан се бори да ги зачува гастрономските традиции и биодиверзитетот на храна во еден од Европските најфацинантни и најмалку познати региони.
Извор: http://netpress.com.mk/proizvoditeli-od-makedonija-uchestvuvaa-na-konferencija-vo-hrvatska/

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...