Петрини ја доби највисоката награда за животна средина на ОН


САД-Карло Петрини е именуван за еден од осумте добитници на наградата на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) „Шампионите на Земјата“ – како признание кое се доделува на исклучителни визионери и лидери во областа на политиката, науката и активностите на граѓанското општество.

На 18 септември 2013 година, за време на церемонијата во Американскиот музеј за историја на природата во Њујорк, генералниот потсекретар на ОН и извршен директор на УНЕП, Ахим Штајнер официјално ќе му ја додели наградата на основачот и претседател на Слоу Фуд. Бидејќи Петрини не може да присуствува на лице место, во негово име наградата ќе ја прими Ричард Меккарти, претседателот на Слоу Фуд САД.

Во образложението на УНЕП, за нивните мотивации за изборот Петрини , се вели:
“Со оваа награда , ние даваме признание на Вашите извонредни остварувања како основач на Слоу Фуд движењето, кое опфаќа мрежа од над 100.000 поддржувачи во повеќе од 150 земји. Со работата на полето одржлива потрошувачка и производство во контекст на глобалната безбедност на храната, Вашето движење стана сериозна сила која ги брани локалните традиции на храна, ја штити локалната биолошка разновидност и ги промовира малите квалитетни производи со зголемен фокус на инвестициите на јужната хемисфера. Преку проектите Президиуми и Тера Мадре мрежата на заедниците на храна, Вие, исто така, помогнавте вниманието да се фокусира на важната улога на домородното население во зачувувањето на традиционалната храна, како чувари на незаменливите знаења пренесувани со генерации”.