ПЛУСИНФО: „Маџунот“ од Тиквеш номиниран за светски интернет каталог на вкусови

Прес прегледПЛУСИНФО: „Маџунот“ од Тиквеш номиниран за светски интернет каталог на вкусови

Сподели

Тиквешкиот маџун, кој има долга традиција на производство во најголемиот лозаровинарски регион во Македонија, „станушина“ како автохтона тиквешка сорта грозје и рачелите од тиква, ќе влезат во светската арка на вкусови на интернет-каталог. Овие автохтони прозводи ги номинира кавадаречкиот разгранок на „Слоу фуд“.

– Имаме што да понудиме, а некако ми се чини дека досега некои од луѓето во Македонија како да се срамеа од сопствената традиција. Мислам дека крајно време е сите да ги отворат очите и да му ги покажат на светот своите историски и културни богатства – вели Маја Шкартова од „Слоу фуд“.

„Станушина“ и маџунот, објаснува таа, е она со што посебно се гордееме. За нивното производство не постои формула, постои само тајна која се пренесува од колено на колено со генерации. Од „станушина“ добрите мајстори прават извонредни вина и ракии. Ритуалот со белата земја, која се толчи, пече, се сее и со неа се третира ширата за потоа со варење да се добие маџун, е нешто што на лекот од грозје му дава уште поголема мистичност.

Меѓу повеќето од 1.600 номинирани производи на светско ниво се и планинскиот чај од Галичица, колешинските кикиритки, медот од македонската пчела, мариовското биено сирење, кашкавалот од Бистра, неготинската наутлија, струмичкиот сусам, струмичкиот собра-грав, циронките од Стење, мариовската буша, беровскиот оцет од киселици.
Подготви: Р.И.М.

http://www.plusinfo.mk/vest/133500/Magzunot-od-Tikvesh-nominiran-za-svetski-internet-katalog-na-vkusovi

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...